Дипломатот што ја издаде американска политика кон Палестина

November 29, 2023
1 min read

Селдовиц некаде од 7 ноември почнува да ги малтретира продавачите на храна во Менхетен, фокусиран на Арапите, за да биде уапсен пред некој ден дури откако се рашири видеото за палестинските деца.

Освен тоа дека не се доволни ни 4.000 убиени палестински деца, Селдовиц во едно видео му порачува на продавач со египетско потекло дека египетските тајни служби ќе го уапсат татко му и ќе му ги вадат ноктите еден по еден, за во друго да го опишува пророкот Мухамед како педофил.

Анализирајќи го однесувањето на Селдовиц и неговата кариера низ американскиот државен апаратус, Мустафа Бајуми во текстот за Гардијан пишува:

„Зошто вакви луѓе, идеолози со очигледна наклоност, воопшто се клучни во поставување на агендата на американските надворешни работи?

Не е ни чудо што американската надворешна политика има толку многу неуспеси низ годините, од катастрофалната инвазија на Ирак до сегашниот колеж во Газа. Иако неодамнешна анкета на Ројтерс покажа дека 70% од Американците се согласуваат дека Израел треба да побара прекин на огнот и да проба да преговара, американската влада, од Белата куќа па надолу, ја дочекува идејата за прекин на огнот, за зачувување животи, со бездушен и империјален презир кон волјата на своите луѓе, а не пак кон децата на Газа.

Не е само она што гледаме во овие видеа проблемот, без разлика колку е значаен, што расисти и исламофоби биле (или се уште се) вработени во американскиот дипломатски естаблишмент. Туку она што навистина го гледаме е микрокосмосот, жива верзија на немаскирана американска надворешна политика…

…Однесувањето на Селдовиц помалку ни покажува за тоа кој работи во американската дипломатија, а повеќе за тоа како би изгледа индивидуалната, соголена манифестација на американската надворешна политика, а изгледа како насилник, како воен хушкач и расист, испорачана со заканувачка и самозадоволна насмевка,“ пишува Бајуми.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во новиот број на „Современи дијалози“ прилози од 75 автори и осум ликовни уметници

Следно

Шефот на ОН за човекови права бара продолжен прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop