Димовски оствари редовна работна средба со Вебтек, проектот за нова инвестиција активно напредува

January 21, 2025
1 min read

Со цел успешна реализација на инвестицијата од страна на Вабтек, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, имаше редовна координативна средба со Паоло Босио, генерален директор на компанијата. Средбата главно беше насочена кон постигнатите резултати, како и кон следните чекори за имплементација на проектот.

Директорот Димовски го потенцираше значењето на инвестицијата на Вабтек, земајќи предвид дека истата е веќе присутна на македонскиот пазар. Од негова страна, беше изразена заложбата и посветеноста на дирекцијата за ТИРЗ, како институција која активно работи за подобрување на условите за инвестирање.

Генералниот директор на Вабтек, Паоло Босио, изрази особена благодарност за досегашната поддршка од страна на владата и дирекцијата за ТИРЗ. Со оглед на тоа што проектот напредува според планот, тој ја нагласи важноста за континуирана соработка, која директно носи придобивки за сите вклучени страни.

Овој проект и напредокот на истиот е доказ за вистинската заложба на дирекцијата за ТИРЗ, која продолжува и понатаму во соработка со владата да работи на создавање поволна инвестициска клима.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во периодот јануари-ноември 2024 година Грција ја посетиле над 35 милиони туристи

Следно

Ниту белградски, ниту европски – скопјани продолжуваат да мрзнат чекајќи автобус

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop