Димовски ги претстави можностите за инвестирање пред менаџментот на Philips

December 18, 2025
1 min read

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски заедно со владина делегација го посети центарот за иновации на Philips – „Best Campus“, во Ајндховен, Холандија, каде беа презентирани инвестициските можности кои ги нуди Македонија и ТИРЗ. Беа разгледани напредните производствени погони на компанијата, како и широкиот спектар на здравствени иновации.

Директорот Димовски ги претстави можностите кои ги нудат технолошките индустриски развојни зони, со осврт на клучните поттикнувачки мерки и придобивки за инвеститорите.

„ТИР зоните нудат конкурентни услови кои гарантираат економски раст и развој на инвеститорите. Со стабилната и предвидлива деловна клима, современата инфраструктура, гринфилд инвестициите добиваат цврста основа за успешна и долгорочна реализација. Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места, а во исто време создаваат додадена вредност за целата економија.“

Од страна на менаџментот на Philips беше изразен особен интерес за можностите за продлабочување на соработката, при што беа презентирани и најновите иновациски решенија на компанијата во областа на здравството, со фокус на дигиталната трансформација на здравствените системи, напредните дијагностички технологии и интегрираните решенија за подобрување на квалитетот и ефикасноста на здравствените услуги. Во тој контекст, беа разменети мислења за потенцијалите за идна соработка, како и за можностите за реализирање на инвестициски проекти кои би придонеле кон трансфер на знаење, примена на современи технологии и отворање нови високо-квалификувани работни места.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Центарот за иновации на Philips во Ајндховен – „Best Campus“ е една од најважните точки за високотехнолошки иновации во здравството. Кампусот е отворен во 1971 година, а денес е еден од најголемите кампуси во рамките на Philips во светот, со околу 3.500 вработени и најсовремени технолошки решенија од областа на IMT (Image Guided Therapy), магнетна резонанца, дијагностички рендген, компјутерска томографија и слично.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола повторно центар на зимската магија во Македонија

Следно

Приведени седум мажи во Сиднеј: Се упатиле кон блажата на која пред некој ден имаше терористички напад

Latest from Blog

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop