Димитров: Се надеваме дека ќе има добра волја за заеднички јазик со македонските историчари

October 25, 2024
1 min read

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања денеска во Скопје ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата.

Ангел Димитров, бугарски историчар и дипломат, по претпладневниот дел од средбата во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија изјави дека се разговарало околу претставувањето на Охридската архиепископија во 11 век, но дека разговорите за ова прашање ќе продолжат на следна средба во Софија за која дополнително ќе се утврди термин. Тој изрази надеж дека ќе има добра волја за изнаоѓање заеднички јазик со новиот состав на историската комисија од македонска страна.

-Започнавме едни долго водени разговори досега околу претставувањето на Охридската архиепископија во 11 век. Бидејќи на нашите колеги им треба време за да навлезат во таа проблематика, решивме тоа да го оставиме за следната средба која ќе биде во Софија. Уште не сме го определиле точниот датум, треба да се искоординираме со можностите на сите членови на заедничката комисија. Повеќе не дискутиравме за тие теми за преглед на тие учебници што се за седмо одделение во Република Северна Македонија, но започнавме да работиме на утврдување на протоколи од претходни средби. Со тоа ќе продолжиме и после ручекот, рече Димитров.

На новинарско прашање дали заедничката историска комисија со Бугарија ќе почне со работа од почеток, вели дека ништо не може да почне од почеток и дека досега е завршена многу голема работа.

-Значи ништо не може да се почне од почеток, бидејќи е завршена страшно многу работа и треба да го уважиме трудот на оваа Комисија, рече тој.

За тоа дали ќе најдат заеднички јазик со новиот состав на македонските историчари, Димитров вели дека доколку има добра волја се е можно.

-Се надеваме дека има (добра волја), рече Димитров.

Заедничката македонско – бугарска историска комисија од вчера во Скопје води разговори, први по промена на членовите на комисијата од македонска страна. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Подготвени сме да се соочиме со предизвиците во животната средина

Следно

Членовите на терористичката организација ФЕТО на закопот на водачот на терористите, Ѓулен, ги криеја лицата со маски

Latest from Blog

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.
Go toTop