Димитров: „Чебрен“ е важен капитален проект, и би требало да го гради Македонија со сопствени пари

May 8, 2025
1 min read

Константин Димитров, универзитетски професор, во емисијата Бизнис21 на ТВ21, нагласи дека проектот „Чебрен“ е стратешки важен за иднината на Македонија и оти државата мора да го гради сама или, доколку се вклучи странски партнер, најмалку 51% сопственост да остане на државата.

„Овој проект не е само за денес, туку за идните 10, 20, па и 30 години. Кога ќе настапат сушни периоди, водата од Чебрен ќе биде вреден ресурс, особено за наводнување на Тиквешко поле, кое има огромен агроекономски потенцијал“, рече Димитров.

Тој посочи дека покрај енергетската корист, проектот има и огромен регионален развоен потенцијал, особено за Мариово.

„Таквото езеро, ако се изгради, може утре да го наречеме Чебренско или Мариовско Езеро и да стане второ Мавровско. Кога почна Маврово, беше ништо, а денес е туристички ресорт“, додаде тој.

Според него, организацијата и контролата врз проектот мора да остане во рацете на државата:

„Македонија треба да го води проектот, тоа да биде државна сопственост за генерациите што доаѓаат. Убеден сум дека некогаш некој ќе ја благословува таа вода.“, додава тој.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Распишувањето на предвремени избори зависи од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Луис Енрике: Ние сме од Селска лига, затоа и ги победивме сите англиски клубови

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop