Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите – тие се иднината на Македонија

August 31, 2025
1 min read

Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади на движењето во Струга.
Тој ја истакна клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат поинаква енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во креирањето на иднината на
Македонија.

-Наша цел е да ги споделиме нашите искуства и да ги направиме младите одважни. Младите мора да бидат двигател на одлуките во нашата политичка партија, нагласи тој, истакнувајќи дека секоја иницијатива и промена мора да доаѓаат од младите, бидејќи токму тие носат нови идеи и енергија која ја движи Македонија напред.

Димитриевски ги повика младите да бидат истрајни, храбри и подготвени да преземат одговорност.

-Фасциниран сум од бројката на млади кои се заинтересирани да ни се придружат и да ги споделат своите идеи и ставови со нас. Иднината на државата не може да ја креира никој ако не се тие млади луѓе. Тие се
иднината на Македонија.“ – истакна тој, нагласувајќи дека потребна е нова енергија и нов пристап кон политичкото делување.

-Младите мора да бидат иновативни, креативни и активно вклучени во политичкиот живот, потенцираше Димитриевски, додавајќи дека ЗНАМ има за цел да креира нови лица, визионери и вистински интелектуалци.

-Токму младите се најголемиот капитал на државата и тие не смеат да бидат набљудувачи, туку креатори на политиката и иднината на Македонија, заклучи тој.

Движењето ЗНАМ ги повикува сите млади, во што поголем број, да се приклучат и да станат дел од оваа визија, да ја обликуваат иднината и да ја градат Македонија која сите ја заслужуваме.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајк Даглас откри дека ДОБИЛ РАК ЗА ВРЕМЕ НА ИНТИМЕН ОДНОС, со сите детали

Следно

Коњановски: „Downhill Cup Pelister ја истакнува Битола како центар на екстремниот велосипедизам

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop