Димитриевски: СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи

December 17, 2025
2 mins read

СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи и таму има луѓе против кои се водат сериозни кривични постапки во моментов, дополнително и поранешниот и актуелниот лидер исто така. Нема ништо ново, нема нова идеја. Сите наводно нивни конструктивни политики како опозиција се апсолутно неконструктивни. Креираат фиктивни сценарија, одредени заговори во јавноста, како со мигрантските кампови, тоа се само обиди да се избега од актуелните политички теми, како Законот за судскиот совет, со кој ќе се оневозможи да имаме вакво судство какво што го имаме – приватизирано или пристрасно судство. Потребна е правда и оваа власт ќе го испорача тоа, истакна вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија Максим Димитриевски.

За новото раководство на СДСМ, Димитриевски вели „далеку од тоа да е ново“.

– Една невидена рашомонијада, но нивна работа, само се потврдуваа онаа теза што ја зборувам подолг временски период. Не зборувам за членовите на СДСМ, зборувам за раководството. Во членството има прекрасни луѓе, не добиваат и никогаш нема да добијат шанса бидејќи ова е едно акционерско друштво. Ако во минатото беше 50/50 на релација Заев – Филипче, сега е 70/30 во акционерскиот удел во однос на Заев – Филипче. Тоа е нивна работа, нека тераат, рече Димитриевски во Дневникот на ТВ Сител. Додаде дека се поголем број членови на СДСМ бараат пристапница во ЗНАМ и „нашите врати се отворени, особено за вистинските социјалдемократи“. Според него, „СДСМ оди надолу и ова раководство ќе му прогласи стечај“.

Димитриевски изјави дека дали ќе има или ќе нема предвремени избори тоа на ЗНАМ му одговара од секој аспект.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

– Ние повторно ќе се провериме каде сме на политичката сцена. На Македонија и е потребна политичка стабилност и еден период каде треба да се испорача кон граѓаните, вели Димитриевски.

За последниот извештај на ЕУ и дека нема напредок во правосудството, претседателот на ЗНАМ се осврна на вчерашната оставка на јавниот обвинител и рече дека „не можете со сила како извршна власт да се мешате во работата на независната судска или обвинителска власт“.

– Ете тргнаа некои процеси. Му беше оставено шанса на јавниот обвинител, за жал не ја оправда довербата. Мислењето во јавноста за таа независна власт во државата е таква. Министерот не може да оди по ходници и лично да ги разрешува судиите, туку треба да се донесат законски решенија кои ќе дадат можност на вистинските професионалци, да се одважат и да влезат во процесот на промени преку еден нов состав на Републички судски совет и во Советот за јавни обвинители, вели Димитриевски.

Тој истакна дека веќе одржале конгрес и оти е задоволен од работата на своите кадри. Вели дека разговараат со премиерот, кој има апсолутно право како мандатар да предлага нови имиња за ресори од кои не е задоволен во нивното работење, тоа ги опфаќа и кадрите на ЗНАМ.

За носењето мигранти во земјава, Димитриевски вели дека за ова е разговорано во владината коалиција и никогаш не е отворено прашањето за отворање мигрантски кампови зошто Македонија нема таков капацитет.

– Нам ни се потребни станови за млади брачни парови во Македонија, а не станови за мигранти, рече Димитриевски, кој потенцира дека нема простор за отворање мигрантски кампови во Македонија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени се првите номинации за Оскар

Следно

ПСЖ е освојувач на ФИФА интерконтиненталниот куп

Latest from Blog

Привремената претседателка на Венецуела најави масовна амнестија

Во говорот пред Врховниот суд на Венецуела, на кој присуствуваа високи владини претставници, Делси Родригез рече дека ќе предложи „општ закон за амнестија што ќе го опфати целиот период на политичко насилство

Сахарска прашина од понеделникот е во офанзива низ Грција и Македонија

На 26 јануари густ облак од сахарска прашина се движеше кон север од Северна Африка, влијаејќи на квалитетот на воздухот низ големи делови од Балканот и југоисточните делови на Медитеранот. Оваа визуелизација

ФОТО РЕПОРТАЖА: Заборавено од институциите – Требиште во Голо Брдо со децении без основни услови за живот

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од

Проданоски на чествувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата литургија во црквата „Св. Никола“ во село Големо Радобил, по повод големиот христијански празник Св. Атанасиј – Атанасовден. Заедно со бројни сограѓани,

ФОТО РЕПОРТАЖА: Тешки услови за живот на Македонците во Требиште, Голо Брдо

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од
Go toTop