Димитриевски го повика Филипче на ТВ дуел: Да ги соочиме аргументите за сите прашања јавно

October 2, 2025
1 min read

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, Максим Димитриевски го повика претседателот на СДСМ Венко Филипче на дуел, каде ќе ги соочат аргументите за сите прашања јавно, наместо да се занимаваат со ЗНАМ и да се служат со шпекулации и невистини. Ова денеска го порача, гостувајќи во телевизиско интерјвју во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24. Меѓу другото и за повиците од Филипче до членството на ЗНАМ да се вратат назад дома.

„Да биде сарказмот поголем, не само што ги повика јавно, туку им се јавуваат и телефонски и им велат – вратете се назад простено ви е се. Барем да речат – се извинуваме погрешивме, повелете вратете се назад. Тоа е проблемот и кај претходното, и кај ова, а веројатно и кај идното раководство на СДСМ, затоа што повеќе од сигурно ќе има ново раководство. Тие ќе останат генерали без војска и се занимаваат со нас, наместо со својот главен опонент – ВМРО-ДПМНЕ. Во ред ако сакате може да се соочиме, еве јас го повикувам Венко Филипче и да ги соочиме аргументите, а не да доаѓа како денеска во Куманово и за мене да се искажуваат лаги и инсинуации“, порача Димитриевски, кој рече и дека за него СДСМ е одамна завршена приказна. ЗНАМ е автентична партија, во која, точно е дека има поранешни членови социјалдемократи, но и голем дел на луѓе кои првпат влегуваат во политика, меѓу кои и видни јавни личности и поранешни спортисти – репрезентативци.

Зборувајќи за блокадата на Македонија на патот кон ЕУ и односите со источниот сосед, лидерот на ЗНАМ посочи дека Македонија треба сама да се потпре на себе, да земе узпешни примери како Швајцарија и да воспостави систем со кој ќе чекори напред. Затоа што, вели тој, малку е лицемерно Украина и Молдавија да добиваат шанса за преговори и идно членство со кршење на принципот на консензуалност, а Македонија да се врти “како рингишпил на круже тек“.

„Ние сме Македонци. Како ЗНАМ подготвивме порано еден документ со кој повикувавме на национално и држссвно обединување и заеднички став по ова прашање Сега, гледаме дека и Филипче нуди таков документ кој, според мене, е кукавичко јајце, солидно спакувано, можеби и пишувано во Софија. Нивниот докиумент во голем дел ја отсликува резолуцијата на бугарскиот парламент.

Димитириевски ги отфрли инсинуациите дека е националист и албанофоб, посочувајќи низ конкретни примери во Куманово колку проекти реализирал во средини кои се населени исклучиво со Албанци или во мешани етнички средини, иако на минатите избори токму таму не освојувал ниту еден глас. На овие, избори ЗНАМ ќе го потврди својот рејтинг, не е точно дека се намалува, и ќе се покаже дека сме стабилен политички фактор и партнер.

По изборите, најави дека очекува повик од премиерот, веќе има првични најави, за тоа, да се седне на разговори за можна реконструкција на Владата. Никој не е вечен или венчан за позицијата, но имаме причина за задоволство од нашето работењее во Владата и реформските чекори што ги презедовме досега, потенцираше лидерот на ЗНАМ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српски историчар до Путин: Што мислите за обидот за ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО СРБИЈА?

Следно

Лига на Конференции: Сигма и Костадинов поразени во Фиренца

Latest from Blog

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските

Вознемирувачко видео: Се појавија нови снимки од Кран-Монтана – луѓето панично бегаат!

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи

МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување во Македонија на повредените од Швајцарија

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока,
Go toTop