Димитриевска: Предлогот за разрешување на Коцевски сè уште не е пристигнат во Советот на јавни обвинители

February 28, 2025
1 min read

Претседателката на советот, Душица Димитриевска вели предлогот за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски сè уште не е пристигнат во Советот на јавни обвинители

Во изјава за медиуми таа не даде одговор на можните процедури по добивањето на предлогот. 

-Најпрво да го добиеме предлогот, да ги видиме наводите кои што се наведени во истиот, па потоа ќе се произнесеме. Онака како што е пропишано во законот ќе постапиме, согласно законските надлежности на советот. Пред да стигне предлогот не можам да ви дадам одговор на тоа прашање, рече таа.

На седницата одржана на 25 февруари Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Предлогот треба да биде испратен до Советот за јавни обвинители, кој има 15 дена да даде мислење. Ако не успее, рокот се продолжува за уште 15 дена. Ако и тогаш нема мислење, се смета дека Советот не го поддржува предлогот. Потоа, Владата го доставува предлогот до Парламентот за конечна одлука.

Во врска со одлуката на Уставен суд да поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители кои се избрани од редот на јавните обвинители која беше резултат на иницијативата поднесена од обвинителката Ленче Ристоска, која го оспори Член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот, а според оспорената одредба, мандатот на овие членови се смета за позитивно оценет јавно-обвинителски стаж, освен во случаи предвидени во член 35-а од Законот за Советот на јавните обвинители, претседателката на СЈОРМ рече дека ќе ја почитуваат одлуката на Уставен суд.

-Се работи за иницијатива за член од деловникот кој е во правна сила, тој е донесен во 2020 година. Иницијативата е доставена до нас и ние дадовме одговор. Ќе видиме како ќе одлучи Уставниот суд и ќе ја почитуваме одлуката. Во одговорот стои она што сметавме дека во тој момент треба да го појасниме, а тоа е дека деловникот е во правна сила, изработен е со присуство на меѓународни експерти, на јавни обвинители од ЈО на РСМ. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугаринот Сроилов го освои Шарпланинскиот скијачки куп

Следно

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерката за финансии, Димитриеска Кочоска

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop