Димитриева: Демир Капија целосно уназадува, ќе се борам за модерна и организирана Општина

October 1, 2025
1 min read

Кандидатката за градоначалничка на Општина Демир Капија од ВМРО-ДПМНЕ, Наталија Димитриева на денешниот митинг истакна дека ги очекува многу работа и проекти, решавање на многу проблеми од минатото

-Општина Демир Капија за разлика од останатите, целосно уназадува бидејќи на водат луѓе кои гледаат само личен интерес. Граѓаните очекуваат проекти, наместо празни ветувања, очекуваат дела наместо повторно да бидат излажани. Ќе се борам за Општина Демир Капија да биде модерна, организирана, атрактивна за живеење и работа. Мојата визија за Демир Капија е град во кој секој заслужува внимание, почит и еднаква шанса, потецираше Димитриева.

Таа нагласи дека заедно можеме да изградиме средина каде младите ќе остануваат, а возрасните ќе имаат мирен и достоинствне живот.

Како дел од проектите кои ги планира за општина се паркови и зелени површини, чистење на диви депонии, урбанистички планови на селата, секундарна гасификација на Демир Капија, домови и за нега на стари лица, инфраструктура во руралните средина, покривање на градски пазар…

Главен фокус во нејзината работа, како што посочи, ќе бидат образованието и младите.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И во добро и во зло… КАРЛА БРУНИ КАЈ САРКОЗИ – ВО ЗАТВОР ПОСЕТА СЕКОЈ ДЕН

Следно

Што му предвидува големиот финансиски хороскоп за октомври на вашиот знак?

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски: „Големите дела на Манаки се светско наследство“

Денес се навршуваат 62 година од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. „Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите

Израел нападна палестински бегалски камп во Либан, двајца загинати (ВИДЕО)

Според министерството, нападот врз областа е извршен без претходно предупредување. Ова е најсеверниот израелски напад во Либан досега. Израелската војска сè уште не објавила кој бил цел на нападот. 🇮🇱🇱🇧 JUST IN:

Тошковски се огласи по добивањето син

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, стана татко по трет пат. Неговата сопруга се породи вчера, а во семејството пристигна новиот член – син! -Со особена радост сакам да споделам дека вчера

Обвинет во „Пулс“: Болен сум, не можам да доаѓам на судења, однесете ме и во притвор

Болен сум, не можам да доаѓам, се спремаат да ме „лишат“ во Кочани, барам од Судот некое решение. Со вакво барање пред почетокот на денешното судење за трагедијата во Кочани, излезе обвинетиот
Go toTop