Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавниот долг

March 1, 2025
2 mins read

Владата води многу внимателна политика во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и таа заложба се покажа преку намалување на државниот долг, а соодветно на тоа и на јавниот долг, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која соопшти дека нивото на јавниот долг на крајот на 2024 година изнесуваше 61,9% и дека тој на крајот на јануари изнесува 58,2% од БДП.

„Тоа се должи на раздолжувањето на еврообврзницата со заемот којшто го зедовме и со кој направивме годишна заштеда од 15 милиони евра, односно за двете транши 30 милиони евра. Тоа ја покажува нашата заложба која е во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и верувам дека до крајот на годината многу ќе внимаваме“, рече министерката во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Таа додаде дека и Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која беше во земјава во изминатиот период, ги нотирала напорите кои ги вложува Владата со цел да се контролираат трошоците, иако констатирала дека Владата има наследено многу проблеми од претходно, потврдени со тоа што Македонија е единствена земја во регионот која не успеала да се консолидира во однос на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Во врска со прашањето за растот на минималната плата рече дека решението што ќе го договараат работниците и работодавачите за раст на минималната плата кое ќе се темели на продуктивноста и исплата на договорениот износ согласно законските обврски Владата ќе го поздрави и ќе го почитува.

„На изборите пред нецела година настапивме со изборна програма во која ги кажавме нашите ставови во однос на даночните стапки и придонеси и по тоа прашање нема да има промена.Како ќе се договорат меѓусебе работниците и работодавачите во рамки на Економско социјалниот совет, каде има претставници и од едните и од другите, ние како држава ќе го прифатиме тоа што ќе се договорат. Платата треба да биде заснована на продуктивност и доколку одговара тој износ што го договараат ние апсолутно ќе го поздравиме тоа. Односно, доколку смета едната страна дека може да испорача продуктивност на она што ќе го договорат како минимална плата и другата страна дека ќе може да го исплати согласно законските обврски кои никогаш не сме рекле дека ќе ги менуваме, тоа ќе го поздравиме и ќе продолжиме да го почитуваме, рече министерката за финансии и додаде дека во администрацијата многу мал дел од вработените е врзан со минимална плата, најголем процент е над износот на минималната плата.

Во однос на пензиите, наведе дека пензионерите со пензиите што ќе бидат исплатени на 1 април ќе го добијат зголемувањето од 2.500 денари што беше ветено и дека со тоа се исправа една неправда којашто беше направена со политиките што се спроведуваа во претходниот период, а потоа ќе се врати старата методлогија, бидејќи, како што рече, во овој момент нема измени на Законот за да кажам дека ќе ја менуваме.

Во однос на мерките кои Владата ги презеде за сузбивање на инфалцијата, наведе дека очекува да дадат ефект на краток рок и оти се подготвуваат некои решенија во делот на земјоделството кои треба да имаат влијание на долг рок.

За случајот со пратеничката Славјанка Петровска, повтори дека тој е затворен и оти во конкретната ситуација немало навреда.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ФИФА официјално потврди ново правило кое е поврзано со голманите

Следно

Златен медал за Ведрана Тунески на Г1 Бугарија Опен

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на
Go toTop