Димитриеска- Кочоска во Загреб: Интеграцијата на регионалните пазари на капитал значи поголем пристап до извори на финансирање, доверба и европски стандарди

August 25, 2025
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска, учествуваше на панел-дискусија на министрите за финансии и економија и претставници на институции од земјите од Централна и Југоисточна Европа на тема „Зајакнување на националните пазари на капитал преку заеднички иницијативи и соработка“.

Панел-дискусијата се одржа во рамки на иницијативата на Министерството за финансии на Хрватска за потпишување на Меморандумот за разбирање за соработка за развој на пазарот на капитал, помеѓу Хрватска, Бугарија, Унгарија, РС Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Во своето излагање министерката истакна дека клучниот бенефит за Македонија од оваа иницијатива може да се сумира во еден збор – пристап.

„Силно верувам дека за две до три години ќе ги видиме бенефитите кои нашиот бизнис сектор и нашите компании ќе ги добијат од овој Меморандум. Доаѓам од приватниот сектор и добро знам колку е тешко за една компанија да ја убеди банката дека нејзината идеја или иновација е доволно сериозна за да успее. Во такви услови, пазарот на капитал е единствениот начин компаниите побрзо да растат и да го реализираат својот потенцијал,“ рече Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека интеграцијата им овозможува на нашите компании, особено на малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата, да добијат поголем број инвеститори, различни извори на капитал и нови прекугранични партнерства.

„Нашиот домашен пазар е релативно мал и ограничен во ликвидноста. Затоа, преку оваа иницијатива ја отвораме вратата за многу поширок пазар и посилни можности за финансирање. Но, ова не е само прашање на финансии, туку и на доверба и кредибилитет. Со интеграцијата се доближуваме до европските стандарди, ја засилуваме транспарентноста, предвидливоста и довербата кај инвеститорите. Тоа е суштински предуслов за поголеми инвестиции,“ нагласи министерката.

Министерката потенцираше дека за земја кандидат за членство во Европската унија секој чекор кон усогласување на регулативата и продлабочување на соработката претставува и чекор поблиску до европската интеграција.

„Еден од нашите главни приоритети е да обезбедиме полесен пристап до финансирање за компаниите, особено за малите и средни претпријатија. Интеграцијата на регионалните пазари на капитал директно придонесува за исполнување на овој приоритет. Најважната задача што е пред нас како влади и законодавци е усогласувањето на регулаторното окружување.,“ истакна Димитриеска Кочоска.

Со оваа иницијатива, како што заклучи министерката, регионот испраќа јасна порака за подготвеност за соработка, заеднички развој и создавање на поатрактивен и посилен капитален пазар кој ќе работи во интерес на компаниите и инвеститорите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонец со потег за пофалба- му го вратил на студент од Белград загубениот паричник во Грција

Следно

Омерагиќ: Источната трибина бесплатна за децата и младинските категории

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop