Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% покажува дека македонската економија добива сила

September 5, 2026
1 min read

5 септември 2026 година, Скопје – Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира во пост на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст на БДП во вториот квартал годинава.
Министерката посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии.
„Од раст од 1,6% во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3%. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е. Но, податоците покажуваат дека политиките што ги водиме и насоката што ја избравме даваат резултати и дека треба да продолжиме уште посилно и со уште поголема динамика“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Податоците за структурата на БДП покажуваат дека растот има широка основа. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемени за 16,5%, извозот на стоки и услуги за 10,4%, а градежништвото бележи раст од 21,9%. Позитивни движења се регистрирани и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството, а растот е поддржан и од домашната потрошувачка.

Резултатот добива дополнително значење имајќи предвид дека е остварен во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Растот од 4,3% е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%.

„Нашата политика е јасна – повеќе инвестиции и капитални проекти, силна поддршка на приватниот сектор, подобро и попредвидливо деловно окружување и одговорно управување со јавните финансии. Ќе продолжиме да инвестираме, да ги реализираме капиталните проекти, да создаваме услови за домашни и странски инвестиции и да го поддржуваме стопанството. Ќе продолжиме со реформите што треба да ја направат македонската економија посилна, поконкурентна и поотпорна“, потенцира министерката за финансии.

Таа додава дека економските резултати не се создаваат преку ноќ и дека за повисок и одржлив раст се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во политиките.

Целта, како што посочува министерката, е позитивните стапки на економски раст да се преточат во повеќе инвестиции, посилни компании, нови можности и повисок животен стандард за граѓаните.

„Бројките ја покажуваат насоката. Наша обврска е да продолжиме по неа“, порача Димитриеска-Кочоска

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо: Еден од играчите на Бетис изгледаше како да умрел

Следно

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop