Димитриеска-Кочоска пропаѓа во „жива кал“: Наместо да и се извини на Петровска, овојпат рафално ја нападна преку ФБ

February 27, 2025
2 mins read

По тешките зборови од собраниската говорница што и ги упати на пратеничката Славјанка Петровска, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска продолжува да се кара преку писанија на својот фб.

Димитриеска-Кочоска посочи: „Што се однесува до моите зборови кон Славјанка Петровска која лично како жена сум ја бранела кога многу други ја напаѓале, беа извадени од контекст и се толкувани како лична навреда“.

„Никогаш немав и ќе немам намера да ја навредам лично, ниту, пак, да ја сведам дебатата на личен контекст. Јас сум личност од која никогаш нема да слушнете лични навреди, и жалам што дел од јавноста е манипулирана во тој контекст, и жалам што погрешно беа разбрани моите зборови. Она што сакав да потенцирам беше дека почитта треба да се заслужи со дела и одговорност. Госпоѓата Петровска, освен што стана позната по низа политички гафови и неумесни постапки, беше и доследен поддржувач на политиките на СДСМ и ДУИ – политики кои ја доведоа државата до оваа состојба. Да потсетам, во времето кога госпоѓата Петровска беше министер, инфлацијата растеше, а не видовме ниту еден конкретен предлог од нејзина страна за подобрување на економската ситуација. Тогаш, кога беше на функција, тоа не ѝ пречеше, но денес зборуваме за состојба што е директна последица на тие политики. Државата беше доведена до работ на банкрот, стотици илјади граѓани се иселија во потрага по подобар живот, а над 600 илјади луѓе живееја во сиромаштија. Сето ова не сакаат да се слушне гласно, затоа Славјанка глуми жртва“, напиша министерката на својот ФБ.

Денешните пратенички прашања паднаа во сенка откако министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска „удри“ врз семејната состојба на пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, која ја коментираше „потрошувачката кошничка“, која со месеци е во фокусот на јавноста.

Инаку еве што ја праша пратеничката Петровска, министерката Димитриеска-Кочоска

„Министерке, пред една недела имавте за мене нелогична изјава, кога рековте дека за вас не може да биде логично да се купува грашок од конзерва и дека едно 4-члено семејство треба во еден месец да конзумира 13 литри млеко. За цената на табла јајца не коментирам, можеби имате некој попуст за редовност. Не сакам оваа дебата со вас да ја претворам во споделување рецепти итн, ама следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, земете и споредете време на готвење на тој грашок од конзерва кој за вас е нелогичен, и оној другиот. За вас може не е важно, ама за едно просечно македонско семејство, многу е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот. Подеднакво важно е за една мајка дали ќе може цел месец на своите деца да им дава по една чаша млеко. Зашто, ако ја направиме логиката како што вие ја направивте за едно 4-члено семејство, тогаш ќе видите дека 13 литри млеко не се доволни, освен ако не го заменувате со бадемово или со некое друго. Моето прашање е следно: Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење, не е лошо да го чуеме вашиот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа?“.

Министерката Димитриеска-Кочоска излезе на говорница многу лута.

„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство. И научете во пописот што вие го направивте, едно просечно семејство е 3-члено, а не 4-члено. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене!“, рече видно нервозна министерката и ја напушти говорницата.

Петровска не изреагира на навредите и објасни зошто.

„Мислев, министерке, дека извлековте поуки од вашите претходни испади на Комисијата за финансирање и буџет, кога ве повлекоа од партијата со наредба да не доаѓате во Собрание, по што го праќаа вашиот заменик. Нема да одговарам на вашите неумесни коментари. Ако имаше дно, вие го пробивте“, рече Петровска.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вицепремиерот Николоски на увид на изградба на комунална мрежа во Радовиш

Следно

Муцунски: На евроамбасадорот Рокас му веруваме во неговата лична намера, но не сме сигурни во однесувањето на Бугарија

Latest from Blog

„Жерновски е отповикан поради тоа што ги прекршил дисциплинските правила“, рече Муцунски

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 во гостување, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вели дека не очекува резолуцијата да донесе последици за нашето членство во ЕУ. -Го имаме

Петровска во 24 анализа: Ќе поднесам претставка до Комисијата за антидискриминација за Димитриеска-Кочоска

Пратеничката на СДСМ и поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска во 24 анализа рече дека денешното обраќање на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска имало намера да ја потцени и дискриминира. Таа објасни

Почина Борис Спаски-еден од најдобрите шахисти во историјата

Рускиот шаховски велемејстор и поранешен светски шампион Борис Спаски почина на 89-годишна возраст, соопштија денеска Руската шаховска федерација и Меѓународната шаховска федеерација. Спаски беше светски шампион од 1969 до 1972 година, а
Go toTop