Димитриеска Кочоска призна: стратегии за борба против сивата економија постоеле, имплементација недостасувала

February 21, 2026
1 min read

Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека координиран.

Таа посочи дека Министерството за финансии е сериозно фокусирано на формализирање на неформалната економија преку ревидирање на Стратегијата за периодот 2023–2027 и подготовка на нов акциски план за 2026–2027 година. Со него се поставува јасна и мерлива цел – намалување на неформалната економија од 28,9 проценти на 26 проценти од БДП до крајот на 2027 година.

Според министерката, формализацијата не значи репресија, туку создавање правични и еднакви услови за сите учесници на пазарот. Таа најави поедноставени административни процедури, олеснет пристап до регистрација и поддршка за субјектите кои ќе преминат од неформалниот во формалниот сектор.

Дигитализацијата, како што истакна, е клучен инструмент во оваа борба. Во тек е имплементација на системот „е-фактура“, со кој ќе се воспостави централизирана евиденција на прометот, а во наредната фаза се планира и воведување на претпополнета ДДВ-пријава. Паралелно, Управата за јавни приходи ќе биде целосно дигитализирана, што треба да овозможи поголема ефикасност и транспарентност.

Министерката нагласи дека ќе се работи и на зајакнување на даночниот морал и нулта толеранција за организирана даночна евазија, како и на прецизирање и усогласување на законската рамка со европското законодавство. Посебен фокус ќе има и на анализа на даночните ослободувања со цел спречување можни злоупотреби.

Воедно, таа потенцираше дека Владата останува на определбата да не ги зголемува даночните стапки, со цел да обезбеди стабилност и предвидливост за бизнис-заедницата, оценувајќи дека високите даноци можат дополнително да ја поттикнат неформалната економија.

„Борбата против сивата економија е долгорочна реформа за праведно општество и стабилни јавни финансии во која мора заеднички да се вклучат сите чинители“, порача Гордана Димитриеска-Кочоска на Годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, организирана од Владата и Министерството за финансии во соработка со УНДП, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економскиот факултет – Скопје.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!

Следно

Меџити: Чаир добива нов лик со реализација на Мастер планот

Latest from Blog

Ужас во парк во Калифорнија: Барале велигденски јајца, пронашле човечки череп (ВИДЕО)

Остатоци се откриени во неделата попладне во паркот Де Форест во Лонг Бич, соопшти градската полициска станица. Откритие во близина на планинарска патека Службениците подоцна потврдија дека черепот е човечки, а Канцеларијата

Волонтерството е популарно во развиените земји: каква е состојбата во Македонија?

Волонтирањето кај македонските граѓани не е толку застапено како во развиените земји ако судиме според статистички податоци. Некои анализи покажуваат дека Македонија ја има една од најниските стапки на волонтирање во светот

ЛШ: Баерн го „замолкна“ Мадрид, Хаверц во фото-финиш за победа на Арсенал (ВИДЕО)

Баварскиот гигант со предност од 2:1 заминува на домашен терен очекувајќи го реваншот со Реал (М) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Одлично тактички подготвениот тим на Винсен Компани покажа дека е
Go toTop