Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет

December 26, 2024
1 min read

Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

-Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е над 2,5 милијарди денари, за разлика од 2022 година била 1,4 милијарда денари, во 2023 година 2 милијарди денари. Во ТИРЗ исто така има поддршка од 2,5 милијарди денари. Бројките покажуваат дали повеќе се грижиме, рече министерката.

Таа додаде дека дополнителна поддршка за приватниот сектор се обезбедените 15 милијарди денари со каматна стапка од 1,95% за што истакна дека Владата ги има објавено условите за користење на средствата од страна на крајните корисници – компаниите. Исто така посочи дека и кон општините се префрлаат средства врз основа на реализација.

„Нема да дозволам трансфери од буџетот како во минатото и ќе работиме со поинаква постапка. Средствата на општините ќе се префрлат по реализација. Исто така и средствата наменети за компаниите кон Развојната банка, а оттаму кон деловните банки ќе бидат префрлени парцијално. Ако има вистински инвестиции може да зборуваме за префрлање“, посочи министерката.

Таа рече дека и повратот на ДДВ се врши редовно и дека е во износ од над 2 милијарди денари на месечно ниво. „Онаму каде што имало проневера и е отворена постапка не може да се врши поврат“, наведе министерката и додаде дека се отворени постапки и по однос на други прашања.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека ја презела контролата врз уште едно населено место во украинската област Доњецк

Следно

За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран  претпладне во 10:30 часот, откако екипи на

СДСМ го осуди „навредливото однесување на Вучиќ“ кон Шекеринска

„СДСМ го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите

Божиновска за Faktor.mk: Македонија започнува најголем енергетски инвестициски циклус

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Планот за изградба на енергетски објекти за 2026 година драстично ќе ја смени сликата на енергетиката во Македонија. Тој предвидува изградба на
Go toTop