Димитриеска-Кочоска оствари средба со американското економско аташе

August 27, 2025
1 min read

Денеска, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска имаше средба со новоименуваниот економски аташе на САД, г. Барнабас Биркланд, и економскиот советник г. Јордан Дамчевски. На средбата се разговараше за унапредување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, кое од независноста континуирано ја поддржува земјата.

Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека ова партнерство е клучно за спроведување на реформите, унапредување на демократските процеси, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување стабилност и развој.

Соговорниците исто така потенцираа на поддршката од Трезорот на САД за градење капацитети во Министерството за финансии и обезбедување фискална одржливост. Договорено е соработката да продолжи и во иднина со фокус на стабилност и економски развој.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинa: Експлодира главниот нафтовод што ja снабдува Москва

Следно

Индија пред суспензија од страна на ФИФА

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop