Димитриеска-Кочоска на средба во Стопанската комора – Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

February 19, 2025
1 min read

До крајот на овој месец се очекува да биде исплатена првата транша од унгарскиот заем за поддршка на компаниите. Во дел од банките проекти веќе има одобрено и поднесено е барање за исплата до Развојната банка. Ова беше споделено на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Стопанската комора на РС Македонија, на која се разговараше за актуелни теми и економските предизвици.

„Почнуваме серија разговори со бизнис заедницата и почнуваме денеска од Стопанската комора на Македонија. Целта е преку овие состаноци да споделиме информации за пласманот на средствата од унгарскиот заем наменет за компаниите и да решиме евентуално дилеми кои се јавуваат во тој процес“, рече министерката за финансии на средбата.

Таа додаде дека целта е средствата да бидат пласирани во цел износ, да се помогне стопанството во моментов, имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво и да се поттикнат инвестиции, пред се одржливи кои носат развој.

За претседателот на Комората Бранко Азески најважно е овие средства, обезбедени од Владата, да стигнат што е можно побрзо до компаниите и да почнат да се реализираат инвестициите.

Ја поздрави иницијативата за вакви состаноци на кои може да се разменат мислења за актуелни теми, но да се отворат и прашања кои ги засегаат компаниите.

На средбата се отвори прашањето за повратот на средствата уплатени од компаниите по основ на Законот на солидарен данок.

Министерката за финансии истакна дека тоа претставува голем товар врз буџетот, но посочи дека средствата ќе бидат вратени кон компаниите во рок пократок од 5 години и дека претстојат средби со компаниите на чиј предлог ќе се утврди динамиката на враќање. Со разговорите ќе се продолжи, во наредниот период ќе бидат подготвени предлози врз основа на кои ќе се разговара и ќе се решава ова прашање. Од Стопанската комора изразија разбирање за состојбата на државната каса и се подготвени на разговори и утврдување на динамиката и начинот на враќање на средствата.

Присутните заклучија дека дијалогот е можност за решавање на сите отворени прашања и дека таквиот дијалот меѓу Владата и бизнис заедницата ќе продолжи и во иднина со цел создавање подобри економски услови и економска предвидливост за работење.

Дијалогот со бизнис заедницата ќе продолжи во наредните денови и со средби со другите стопански комори и здруженија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОБЈЕКТИТЕ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА И ДРАМСКИ, КОИ БИЛЕ ИЗГРАДЕНИ ПРЕД 60 ГОДИНИ „ГАЗ ПРЕКУГЛАВА”, УШТЕ ФУНКЦИОНИРААТ, РЕЧЕ ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА НА ПРОСЛАВАТА НА 6О ГОДИНИ ОД СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА МНТ

Следно

Забраната за носење шамија во спортот наиде на бурни реакции во Франција

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop