Димитриеска-Кочоска: Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст

December 5, 2025
1 min read

Македонија зазема третата позиција во Европа по растот на бруто-домашниот производ (БДП), веднаш по Ирска и Данска, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција. Според податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на БДП во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8%, што е забрзување во споредба со 2,9% во првиот и 3,5% во вториот квартал годинава. Кумулативниот раст за првите три квартали е 3,4%.

Главен двигател на економскиот раст се бруто-инвестициите, кои бележат зголемување од 30,6%, благодарение на растот на инвестициите во основни средства. Димитриеска-Кочоска истакна дека тоа е показател за високата доверба на инвеститорите во домашната економија, со значителен придонес од домашните компании и поддршката од Владата преку поволни кредитни линии.

„Високиот раст на инвестициите во овој период е резултат на комбинација на позитивни трендови, вклучувајќи капиталните инвестиции на Владата и оптимизацијата на нивните трошоци, како и интензивна реализација на инфраструктурни проекти како коридори 8 и 10“, рече министерката. Дополнително, значајна е и поддршката на општините за реализирање капитални проекти, со цел рамномерен регионален развој.

 

Освен инвестициите, растот на економијата го поддржува и финалната потрошувачка со зголемување од 1,8%. Во градежништвото растот изнесува 21%, услугите се зголемиле за 2,9%, секторот за информации и комуникации за 7,4%, стручните, научните и техничките дејности за 6,1%, додека трговијата и транспортот растат за 2,6%. Индустријата бележи раст од 1,3%, при што преработувачката индустрија се зголемува за 2,5%, а земјоделството бележи раст од 4,0%.

Министерката Димитриеска-Кочоска го оцени ова тримесечје како едно од најуспешните во последните години, подвлекувајќи дека Македонија покажува стабилен економски развој и раст на инвестициите и продуктивноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победниците на „Средношколец-милионер“ добија поддршка од Коњановски

Следно

Објавен е списокот на домаќинства со право на субвенција за електрична енергија

Latest from Blog

Јамал ја носи Барселона кон титулата (ВИДЕО)

фото: Barcelona (X) Со победата на гостувањето во Билбао, Барселона направи нов чекор кон шампионската титула. Каталонците славеа со минимални 1:0 и по оваа победа имаат четири бода повеќе од првиот и

Николоски: Лагата на СДСМ за „мигранти за пари“ падна – Македонија добива стратешко партнерство со Британија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека се распрснала, како што рече, лагата на СДСМ во врска со наводите за „мигранти за пари“, нагласувајќи дека Македонија има договор

САД и Еквадор бомбардираа камп на колумбиска криминална банда (ВИДЕО)

Американците ја нарекоа акцијата „смртоносна кинетичка операција“, додека Еквадорците објавија дека станува збор за „тотално истребување“. Under the leadership of President Trump and Secretary Hegseth, the Department is uniting partners across the
Go toTop