Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во јули се намали на 2,3 отсто

August 7, 2026
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови.

Според податоците на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јули 2026 година изнесува 2,3 отсто. Тоа претставува продолжување на трендот на намалување на инфлацијата, која во април изнесувала 5,7 отсто, во мај 4,8 отсто, а во јуни 3,4 отсто.

Димитриеска-Кочоска посочува дека забавување на растот на цените на месечно ниво е забележано кај речиси сите категории производи и услуги, со исклучок на транспортот.

„Ова е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата“, истакнува министерката, додавајќи дека покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат и извозот, индустриското производство и вработеноста.

Според неа, позитивните движења се потврдуваат и преку растот на даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули 2026 година.

Министерката најавува дека Владата и понатаму внимателно ќе ги следи економските движења и ќе креира мерки насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните и дополнително зајакнување на македонската економија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Следно

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop