Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

September 13, 2026
2 mins read

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен сигнал да продолжиме по истиот пат“. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ.

Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели, а тие се основата за да го задржиме кредитниот рејтинг.

„Дали има ефекти покажуваат податоците. Многупати сум напоменала дека бројките се тие што ја отсликуваат фактичката состојба и сега во моментов, но и кога на нив би се навратиле во иднина тие ќе ја отсликаат реалноста“, истакнува министерката Димитриеска-Кочоска.

Како што наведува во објавата економски раст во прв квартал 2024 година 1,6% – фактичка состојба од која сме почнале и носејќи одлуки кои сега веќе можам да кажам дека дале ефект придонесоа да имаме во континуитет стапки на економски раст околу и над 3%, а во последниот објавен податок за вториот квартал стапка на раст од 4,3%. Не зборуваме само за еден исклучително добар квартал, туку за континуитет на позитивните економски движења.

„Инвестициите, додава во објавата, беше основата на која ја темелиме нашата економска политика. Само во вториот квартал од оваа година бруто инвестициите се зголемени за 16,5%. Тоа е особено важно затоа што покажува каков економски модел сакаме. Модел во кој инвестициите имаат поголема улога во создавањето на растот. Зад ова стојат забрзаната реализација на големите капитални и инфраструктурни проекти, проекти во општините за локален економски развој, но и инвестициската активност на домашниот приватен сектор.Градежништвото бележи раст од 21,9%, индустријата 3,9%, а преработувачката индустрија 4,1%. Услужниот сектор расте за 2,4%, со позитивни движења во повеќе дејности. Во вториот квартал извозот на стоки и услуги реално расте за 10,4%“, наведува министерката за финансии и додава дека ова е особено важно за Владата бидејќи станува збор за резултати постигнати во една голема глобална неизвесност, а имајќи предвид дека Македонија е мала и отворена економија и под силно влијание на случувањата на глобално ниво, а особено во Европа.

„Сето ова се показатели и резултати од политиките на оваа Влада, Влада којашто од друга страна има многу внимателен и сериозен пристап во управувањето со јавните финансии и балансирање помеѓу потребата од реализација на инвестиции и истовремено спроведување фискална консолидација“, посочува министерката и додава дека јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2026 година е 58,8% од БДП, односно 10,726 милијарди евра и дека во однос на првиот квартал е намален за 0,1 процентен поен, односно за 21 милион евра, додека во однос на крајот на 2025 година е намален за 0,6 процентни поени, а во однос на крајот на 2024 година е намален за 2,6 процентни поени.

Министерката како што истакнува во објавата ова се факти кои го покажуваат нашиот сериозн пристап кога станува збор за менаџирање со обврските, односно да обезбедиме средства за развој, но и навремено да обезбедиме средства за да ги вратиме старите долгови.

„Во вториот квартал од оваа година исплативме над 300 милиони евра за сервисирање на дел од еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа еврообврзница беше сервисиран уште во првиот квартал. Но за поцелосна слика да имаме за какви обврски станува збор и обврски кои оваа Влада ги враќа и треба да ги врати во наредниот период посочуваат следните податоци – од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра или поконкретно 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година. Дополнителен притисок на ова се и каматите кои се во износ од 350 милиони евра“,наведува министерката.

Според неа тоа е реалноста со која се соочуваВладата. „Денес, продолжува во објавата,истовремено плаќаме камати и раздолжуваме обврски создадени во минатото. Држава која не ги сервисира своите обврски плаќа многу повисока цена преку повисоки камати, нарушен кредитен рејтинг и поскапо финансирање за целата економија, затоа остануваме на определбата да балансираме помеѓу инвестициите, фискалната консолидација и навремено обезбедување средства за сервисирање на обврските. Нашата определба за фискална консолидација е јасна и таа останува непроменета. Но, консолидацијата мора да биде постепена, кредибилна и усогласена со економскиот циклус“, стои во објавата на ФБ на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси го постигна 19. гол во МЛС и се искачи на врвот на листата на стрелци (ВИДЕО)

Следно

КОЛКУ ЕВРОПА ПЛАЌА ЗА УКРАИНА, И ДО КОГА? Одговор кој се чека веќе пета година

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат
Go toTop