Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

February 5, 2026
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на Реформската агенда.

На средбата беше истакната клучната улога на Министерството за финансии во реализацијата на Реформската агенда 2024–2027, особено во делот на управувањето со јавните финансии, буџетските реформи и јавните инвестиции.

Димитриеска Кочоска посочи дека усвојувањето на Законот за системот на внатрешна финансиска контрола, имплементацијата на Законот за буџети со 17 подзаконски акти, воспоставувањето на регистар на јавни субјекти и ревизијата на буџетските класификации се конкретни чекори кои веќе даваат видливи резултати. Со овие реформи, бројот на буџетски корисници е намален од 100 на 35, со што се зголемува ефикасноста и транспарентноста во трошењето на јавните средства.

 

Министерката нагласи дека Министерството за финансии продолжува со силен фокус на одговорно, транспарентно и ефикасно управување со јавните финансии, како клучен предуслов за економска стабилност и напредок на европскиот пат на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Следно

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop