ДИК: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, изборната кампањата почнува на 29 септември

August 9, 2025
1 min read

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која ги утврди роковите за сите дејствија за Локалните избори 2025 година, откако претходно претседателот на Собранието, Африм Гаши го потпиша Решението со кое е предвидено изборите да се одржат на 19 октомври.

Онаму каде што ќе има потреба за втор круг, истиот ќе се одржи на 2. ноември.

Изборната кампања за првиот криг почнува на 29 септември во 00.00 часот и трае непрекинато до 17 октомври до 24 часот. За вториот круг изборната кампања трае до 31 октомври до 24 часот.

ДИК ќе достави писмено барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список и за 48 часа МВР ќе треба да достави податоци.  Од 23 август до 11 септември до 00.00 часот Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, каде граѓаните ќе може да ги проверат своите податоци. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна 15 дена по завршување на јавниот увид.

До 13 септември до 24 часот е рокот до кога ќе може да се поднесуваат листите на кандидати на учесници на изборите до општинските изборни комисии. 

Најдоцна до 16 октомври, односно три дена пред изборите, сите подносители на листи со потврдени кандидати имаат право да достават предлози за овластени претставници односно набљудувачи на изборите до изборните органи – до ОИК и за набљудување на денот на гласање за избирачките одбори.

Најдоцна до 27 септември ќе се потпише Кодексот за фер и демократски избори.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Одделот за внатрешна контрола на МВР презема соодветни мерки и активности

Следно

Мумбру: Србија е прв фаворит за златниот медал на Евробаскетот

Latest from Blog

Николоски: Лагата на СДСМ за „мигранти за пари“ падна – Македонија добива стратешко партнерство со Британија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека се распрснала, како што рече, лагата на СДСМ во врска со наводите за „мигранти за пари“, нагласувајќи дека Македонија има договор

САД и Еквадор бомбардираа камп на колумбиска криминална банда (ВИДЕО)

Американците ја нарекоа акцијата „смртоносна кинетичка операција“, додека Еквадорците објавија дека станува збор за „тотално истребување“. Under the leadership of President Trump and Secretary Hegseth, the Department is uniting partners across the

(ВИДЕО) Силен шамар за Филипче и СДС по целата хистерија што ја креираа

Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, ги демантира тврдењата дека постои или дека постоел договор меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакна
Go toTop