ДиЏовани: Детските бракови и натаму проблем за девојчињата во Северна Македонија

March 8, 2024
1 min read

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани на Меѓународниот ден на жената, повикува на поголема акција за да се стави крај на детските бракови.

Како што се наведува во нејзината пишана изјава, додека здружени го креваме гласот за родова еднаквост и добросостојба на жените, не можеме да заборавиме на една сериозна последица од вкоренетата родова нееднаквост, на детските бракови.

– Иако оваа штетна пракса значително се намали во последната деценија, детските бракови и понатаму претставуваат проблем за девојчињата во Северна Македонија. Осум отсто од сите жени на возраст од 20 до 24 години во земјата се омажиле или почнале да живеат во заедница пред 18-годишна возраст. Уште позагрижувачки е што, 45 отсто од жените Ромки на возраст од 20 до 24 години во земјата, биле мажени или живееле во врска пред 18-годишна возраст и 15 отсто жени од истата група, биле мажени или живееле во врска пред 15-годишна возраст, нагласува ДиЏовани.

Таа подвлекува дека детските бракови ги лишуваат девојчињата од детство и имаат штетни последици по нивното здравје и економски изгледи. Штетно влијаат врз развојот, пристапот до училиште и нивниот севкупен квалитет на живот. Кај девојчињата кои се мажат пред 18-годишна возраст, веројатноста да станат жртви на семејно насилство е поголема, а веројатноста да останат на училиште – помала. Честопати тоа е тесно поврзано со раѓањето деца на рана возраст, со зголемен ризик од компликации за време на бременоста и породувањето.

– Северна Македонија ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на детето, како и двата факултативни протоколи и Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените каде експлицитно се забранети детските бракови. Исто така, со Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство од државите се бара да ги криминализираат присилните и детските бракови, истакнува ДиЏовани.

Иако законскиот праг за стапување во брак во Северна Македонија е 18-годишна возраст, додава таа, постојат исклучоци децата да стапат во брак со наполнети 16 години, но, со одобрение од судот.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска е 8.Март: Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак?

Следно

Коста сака да му подари цвеќе на едно девојче за 8-ми март: Момчето кое изврши масакр во Србија кажа кој му недостига најмногу

Latest from Blog

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд

Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

На маратонската прес-конференција што ја одржа рускиот претседател Владимир Путин во Москва (која траеше неколку часа), среде одговарањето на геополитички прашања, се случи момент што никој не го очекуваше: новинар ѝ предложи

Флик конечно го откри “кртот“ во соблекувалната на Барселона!

ФОТО: FC Barselona/FB Еден проблем помалку за тренерот на Барселона, Ханси Флик. Имено германскиот стратг наводно открил кој ги издавал доверливите информации за Барселона на медиумите, ставајќи крај на неделните задкулисни игри.

Тоневски: Пробиштип годинава без луксузни новогодишни украси

Општина Пробиштип оваа година ќе ја реализира новогодишната декорација на поедноставен начин, соопшти градоначалникот Тони Тоневски. Поради големата финансиска задолженост и висината на цената од 30.000 евра што беше понудена на тендерот,

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во
Go toTop