Џудистката Ива Богдановска освои бронза на Балканското првенство во Тирана

October 6, 2024
1 min read

Одличен настап на македонските репрезентативци на Балканското Првенство во џудо за јуниори во Тирана, Албанија.

Бронзен медал за нашата земја освои Ива Богдановска, а Анамарија Стојмиловска се најде на петтото место. Богдановска во борбата за бронзата беше поуспешна од репрезентативка на Грција.

Стојмиловска беше само на чекор до медал, но во борбата за трето место беше поразена од турска репрезентативка.

Солиден настап имаа и другите наши репрезентативци Лилјана Недановска, Азра Заими, Сергеј Димитријоски и Никола Магдески, но не успеаја да остварат повисок пласман.

Како што информираат од Џудо Федерацијата на Македонија в недела на Балканското првенство претстојат настапот на репрезентативката Борјана Поп Атанасова како и натпреварот во микс тим.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победи на Работнички, МЗТ Скопје и ТФТ на отворање на новата сезона во машкиот шампионат

Следно

Ќе има и дожд, но и сончеви периоди – температури од 8 до 26 степени

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop