Џорџ Сорос му ја предаде контролата на фондацијата „Отворено општество“ на својот син Александар

June 12, 2023
1 min read

Иако претходно изјави дека не сака неговата фондација да биде преземенa од едно од неговите пет деца, Сорос кажа дека неговиот 37-годишен син, кого го нарекува Алекс, „го заработил тоа“

Светски познатиот филантроп и милијардер Џорџ Сорос му ја предаде контролата на хеџ фонтот и на фондацијата „Отворено општество“ на својот син Александар Сорос, иако претходно изјави дека не сака неговата фондација да биде преземенa од едно од неговите пет деца.

Но, зборувајќи за неговата одлука да ја предаде фондацијата и остатокот од својата империја од 25 милијарди долари на својот 37-годишен син, кого го нарекува Алекс, постариот Сорос рече дека „тој го заработил тоа“.

Џорџ Сорос / Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Во интервју за „Вол Стрит Журнал“, Александар Сорос рече дека е политички поангажиран од својот 92-годишен татко и дека планира да ги прошири либералните приоритети на фондацијата, вклучувајќи ги гласачките права, правото на абортус како и родовата еднаквост.

Александар Сорос веќе презема дел од обврските на својот татко, откако во декември фондацијата „Отворено општество“ го избра за претседател на нејзиниот борд, а тој веќе го води и Комитетот за политички активности.

Фондацијата на Сорос дава околу 1,5 милијарда долари годишно на активисти и групи кои ги поддржуваат човековите права ширум светот и помагаат во градењето на демократијата. Парите од фондацијата се даваат и на универзитети и други образовни институции.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Копањето бавча да ти било штетно за околината

Следно

Френки де Јонг: Штета што Меси не се врати во Барселона, тој секогаш одлучува за исходот на натпреварите

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop