Џоди Фостер: Сексуалните напасници ја користат својата моќ за да манипулираат со послабите

January 16, 2026
1 min read

Дел од таа моќ, вели, произлегла од номинацијата за „Оскар“ на 12 години за нејзината улога во филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе, којшто „ја поставил на побезбедна основа“ во споредба со други глумци-тинејџери.

– Навистина морав да го испитам тоа – како се спасив? Секако, имаше микроагресии, се присети подоцнежната двократна добитничка на „Оскар“. – Секој кој бил на некакво работно место, имал искуство со мизогинистички микроагресии. Тоа е само дел од тоа да се биде жена, нели? Но, што ги спречи оние полоши, ужасни искуства? Она во што почнав да верувам е дека имав одредена моќ додека имав, да речеме – 12 години. Значи, кога веќе ја имав мојата прва номинација за „Оскар“, бев дел од таа различна категорија луѓе кои имаа моќ и бев „премногу опасна“ за да ме допрат. Можев да уништам кариери на некои луѓе ако се јавам на „вујко ми“, па не бев достапна, појасни Фостер.

Таа вели дека, сепак, сѐ тоа можеби е и до нејзината личност.

– Тоа што сум човек кој пристапува кон светот со својата глава. Многу е тешко емоционално да ме манипулирате, бидејќи не функционирам со моите емоции на површината. Напасниците користат сè што можат за да манипулираат и да ги натераат другите луѓе да го прават она што првиве сакаат да го прават. И, тоа е многу полесно кога лицето е помладо, послабо, кога нема моќ. Токму тоа е однесувањето на напасникот – користење на моќта за да се понижат луѓето, за да се доминира врз нив, изјави „оскаровката“.

Фостер подоцна ќе стане пример за другите колешки и колеги кои се бореле со сексуализацијата и вознемирување во индустријата. Натали Портман во друга прилика откри дека повозрасната колешка ѝ се јавила откако ја слушнала како зборува за проблемите со сексуализацијата.

– Одржав говор на Женскиот марш за тоа како бев сексуализирана како млада актерка, и таа ме контактираше после тоа. И разговаравме, и беше неверојатно. Таа е сè уште пример за сите, нагласи Портман.

Слично како Фостер, и Портман имаше 11 години кога ја добила својата улога на пробив во „Леон: Професионалецот“, по што опасностите од сексуални напасници биле на секој чекор. Портман вели дека нејзината мајка била со неа „цело време грижејќи се никој да не ѝ се приближи“ на детето-глумица, и додаде дека со таквите појави нема шега – секоја закана од сексуално вознемирување ја сфаќала сериозно.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова е датумот до кој би требало да се РАСКИТИ ЕЛКАТА

Следно

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари

Latest from Blog

Познат актер присуствувал на моментот кога Трамп нареди напад врз Иран

Во авионот со Трамп беа и сенаторите Тед Круз, Џон Корнин и познатиот холуивудски актер Денис Квејд, објави АП. Потсетиме, генералот Ден Кејн изјави дека „претседателот нареди, и цитирам: „Операцијата „Епски бес“

Даштевска: Местото на Македонија е во Европа, но не по секоја цена

„Изминатата недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе шест закони со кои се намалува коефициентот на платата на функционерите, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, со тоа се докажува дека се работи на случајот.

Кирјас: Ништо ново од Брисел, Европа е затечена, без унифициран став и заедничка позиција, мора да биде проактивна

Од Брисел и Европа нема ништо ново, продолжува шареноликоста на изјави, ако сакаме да бидеме брутални, можеме да кажеме какафонија од Европа, рече Емил Кирјас, аналитичар и експерт за геопололитика, во вечерашното

Фантастичен гол на Сатриано: Хетафе го “тресна“ Реал на “Сантијаго Бернабеу“!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/GetafeCF/ Реал Мадрид – Хетафе 0:1 сензационалниот исход од вечерашниот меч на “Сантијаго Бернабеу“ од 26.коло во Ла Лига. Стрелец на голот беше, и тоа каков гол – ФАНТАСТИЧЕН, Сатриано во 39.минута.
Go toTop