Џо Бајден се повлече од претседателската трка

July 21, 2024
1 min read

Актуелниот американски претседател Џо Бајден на 21 јули објави дека повеќе нема да се кандидира за втор мандат.

Тој најави дека ќе и се обрати на нацијата подоцна во текот на неделата.

Демократската партија сега ќе треба да избере нов демократ кој во ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп во трка која веќе беше одбележана со тензии, поделби и обид за атентат.

Повлекувањето од трката доаѓа по неколкумесечни шпекулации за возраста на Бајден и способноста да служи уште четири години – во услови на серија гафови и катастрофални дебатни перформанси против Трамп.

Бајден (81), претходно инсистираше на тоа дека е во најдобра позиција да го победи Трамп на претстојните избори, но се соочи со повици од неговата партија да се повлече.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како да спречите отекување на нозете во лето? Еве што треба да направите

Следно

Поранешниот британски министер за здравство Хант: Жал ми е, погрешивме за короната

Latest from Blog

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop