Џо Бајден и Џенет Јелен предупредија на економска криза во САД доколку не се зголеми лимитот на јавниот долг

February 15, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден и министерката за финансии Џенет Јелен предупредија на потенцијална економска криза доколку не се постигне договор за зголемување на горната граница на федералниот долг.

Бајден, говорејќи во Националната асоцијација на окрузи во Вашингтон, рече дека многу локални влади се опоравиле од пандемијата, но дека „некои во Конгресот го ставаат на ризик тој напредок заканувајќи се дека ќе ја доведат Америка во ситуација кога не може да го отплаќа својот долг“ што, како што оцени, би било погубно за окрузите и за сојузната држава.

– Дури и приближувањето кон неизвршување на обврски ќе ги зголеми трошоците за задолжување, што ќе го отежне финансирањето на клучните проекти во локалните заедници, рече американскиот претседател.

Загриженоста за плафонот на долгот е резултат на политичката пресметка меѓу републиканците во Претставничкиот дом, кои сакаат да ги намалат трошоците, и демократскиот претседател кој инсистира на зголемување на лимитот без услови.

И министерката за финансии предупреди на „катастрофа“.

– Долгорочно, неисполнувањето на обврските би ги зголемило трошоците за задолжување. Идните инвестиции, вклучително и јавните инвестиции, би станале значително поскапи. Би се зголемиле плаќањата на домаќинствата за хипотеки, автомобилски кредити и кредитни картички, рече Јелен.

Таа истакна дека е малку веројатно федералната влада да може исплаќа милиони Американци, вклучително и воени семејства и постари лица кои се потпираат на социјалното осигурување.

Минатиот месец Јелен го информираше Конгресот дека САД ќе го достигнат лимитот за задолжување и дека потоа ќе се прибегне кон „вонредни мерки“ за да избегне банкрот.

Во писмото до лидерите на Сенатот и Претставничкиот дом, Џенет Јелен рече дека нејзините мерки ќе му купат време на Конгресот да усвои закон со кој или ќе се зголеми лимитот на долгот, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари, или пак ќе го суспендира на одредено време.

Тие мерки вклучуваат откажување од некои плаќања, како што се оние за федералните пензиски планови на вработените, за да се направи простор за други плаќања кои се сметаат за неопходни, вклучително и придонеси за социјално осигурување.

Затоа, од клучно значење е Конгресот навремено да реагира и да го зголеми или суспендира лимитот за задолжување, рече Јелен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два посилни земјотреса утринава ја погодија централна Турција

Следно

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“

Latest from Blog

Како почвата влијае врз раниот раст и развој на растенијата? – 80 ученици искуствено научија

Ова беше училишниот истражувачки предизвик што со задоволство прифатија да го истражат и одговорат дури 80 ученици од 8 основни училишта од различни делови на Македонија! Под менторство на 8 наставници, тие

ЗЕЛЕНСКИ СО ОСТАР КОМЕНТАР КОН ТРАМП – Го спомена и Хитлер!

Володимир Зеленски изрази длабока фрустрација кон САД, критикувајќи го Доналд Трамп што го нарече Владимир Путин „мој пријател“ и истакнувајќи дека доцнењето во испораката на клучни противбалистички ракети чини човечки животи во

Грозданов: Екоактивистите шират страв од рудниците, потребна е дебата заснована на факти

Рударскиот проект Иловица-Штука повторно предизвикува полемики во јавноста. Во својата најнова колумна, насловена „Утопија или еко активизам“, објавена на 27 ноември, Виктор Грозданов упати остри критики кон противниците на отворањето на рудникот,

Општина Прилеп: На 19 декември голема прослава за Свети Никола со традиционална трпеза и музички спектакл

Општина Прилеп, заедно со годинашните домаќини на градската слава, ги привршува подготовките за одбележувањето на патрониот празник Свети Никола, кој традиционално се слави на 19 декември и претставува еден од најзначајните духовни
Go toTop