Џо Бајден: Формирана првата Федерална единица за превенција од оружено насилство во САД

September 23, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на САД, Џо Бајден, соопшти дека официјално е основана првата Федерална единица која треба да помогне во спречувањето на оруженото насилство во неговата земја и во изнаоѓањето на решението за спречување на оружените напади, како и во давањето поддршка на жртвите на нападите, известува Анадолу.

Обраќајќи се на конференцијата за новинари во Белата куќа, Бајден изјави дека потпретседателката на САД, Камала Харис е именувана за шефица на Канцеларијата за превенција од оружено насилство, која е основана со цел спречување на насилството и нападите со оружје, како и за давање поддршка на жртвите на нападите.

Напоменувајќи дека во САД од почетокот на годината имало повеќе од 500 масовни напади со оружје и притоа повеќе од 30.000 луѓе биле жртва на оружено насилство, Бајден овие напади ги опиша како ураган кој го разорил американското општество.

Новата федерална единица има за цел да обезбеди спроведување на законот за сигурност на оружјето, усвоен минатата година, како и сите други одлуки донесени од бајденовата администрација за спречување на оруженото насилство.

Единицата исто така е планирана и за координација на државната поддршка на жртвите на оружено насилство и на нивните семејства.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И покрај интервеницата на Ер Тракторите, се уште не е изгаснат пожарот кај Брвеница

Следно

Под мотото „Прекрасното непознато“ вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop