Џафери ги достави до собранието пограмата и составот на техничката Влада

January 27, 2024
1 min read

Утре во 11 часот ќе започне собраниската седница со единствена точка на дневен ред – избор на Влада на Република Северна Македонија, која ќе функционира до изборот на нова влада на парламентарните избори закажани за 8 мај.

Мандатарот Талат Џафери денеска до Собранието поднел целосно пополнет предлог-состав на преодната влада, вклучувајќи ги и кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ.

Промени нема освен во ресорите каде што се предвидени министри од опозицијата. За министри без ресор предложени се Бојан Маричиќ задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи за економски прашања и Славица Грковска за политики за добро владеење. Во програмата објавена на веб-страницата на Собранието, меѓу другото, пишува дека врвен приоритет на Владата е подготовка и организирање на слободни, фер и демократски редовни претседателски и парламентарни избори на 24 април и 8 мај.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, со видео обраќање порача оти утре е историски ден, бидејќи се гласа за прв премиер – Албанец иако ова прањање го актуелизраа уште во 2020, кога Насер Зибери беше промовиран за оваа функција.

Позицијата премиер Албанец во последните 100 дена е дел од договорот на владината коалиција меѓу двете партии на власт, СДСМ и ДУИ.

Владата која ќе биде изгласана утре ќе биде трета и веројатно последна од ваков карактер. Првата беше избрана во 2015 година под раководство на Емил Димитриев, а втората во 2020 година под раководство на Оливер Спасовски, но нејзиниот мандат беше продолжен поради околностите со пандемијата./Алсат.мк

Адриан Керими

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкалоид го пресели тренинг кампот во Стара Пазова

Следно

Детали за ужасот кој го вознемири Балканот: Не можел да се соочи со болеста на синот, па го убил – само ќерката преживеа од цело семејство

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop