Деветти протест на српската опозиција, се бара ослободување на уапсените по иницидентите од викендот

December 26, 2023
1 min read

За инцидентите на протестот од неделата, опозициската коалиција „Србија против насилството“ ја обвини власта, велејќи дека испратила свои хулигани, а оти ги искористила немирите за да се справи со мирните демонстранти. Нагласуваат дека во инцидентите не учествувале нивните поддржувачи, кои полицијата ги сомничи за насилничко однесување

„Ослободете ги сите“ – беше главната порака која стотици граѓани вечерва, на покана на опозициската коалиција „Србија против насилството“ ја испратија од пред зградата на Градското собрание во Белград, барајќи ослободување од уапсените демонстранти по инцидентите на протестите во неделата.

Од инцидентите на протестот пред Градското собрание во Белград на 24 декември / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претставниците на опозициската „Србија против насилството“ тврдат дека нивните поддржувачи не се одговорни за инцидентите на протестот од пред два дена и бараат нивно ослободување.

„Бараме да ги ослободат луѓето кои се политички апсени и обвинети за нешто што не направиле“,

рече Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на коалицијата.

За инцидентите на протестот од викендот, „Србија против насилството“ ја обвини власта, велејќи дека испратила свои хулигани, а оти ги искористила немирите за да се справи со мирните демонстранти кои на протестот барале повторување на изборите одржани на 17 декември.

Нагласуваат дека во инцидентите не учествувале нивните поддржувачи, кои полицијата ги сомничи за насилничко однесување и обид за уривање на уставниот поредок.

„Тука сме да протестираме против кражбите, бараме власт во согласност со изборите. Се собравме да ги поддржиме луѓето кои мораа да бидат уапсени по наредба на Александар Вучиќ, кој води кампања против невини луѓе“,

рече Срѓан Миливојевиќ од Демократската партија.

Покрај барањето за ослободување на уапсените демонстранти, на денешниот деветти протест, српската опозиција повторно го упати барањето до Републичката изборна комисија за повторување на изборите на сите нивоа.

Секојдневните протести на српската опозиција започнаа откако матичната партија на претседателот Александар Вучиќ, СНС, прогласи целосна победа на изборите, за кои опозицијата тврди оти се украдени од власта.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кацарска се пофали со динамична и успешна година за Уставен и ги искара партиите оти немаат волја за воведување уставна жалба

Следно

Сончево и релативно топло, наутро појава на магла

Latest from Blog

Фрајбург му „откина“ бод на Дортмунд

Екипата на Фрајбург предмалку дојде на домашен терен до многу значаен и вреден бод во ремито 1:1 против тимот на Борусија Дортмунд. Фаворитот во Фрајбург пристигна со амбиција да ги освои трите

ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА: Случаен минувач спречи терорист да направи уште поголем масакр во Сиднеј

Во пукање за време на прославата на Ханука, еврејскиот празник на светлата, на плажата Бонди во Сиднеј загинаа 12 лица, како и еден од двајцата напаѓачи, соопшти локалната полиција. Се верува дека

Стафа барал 100.000 евра: Добил 50.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито

Македонска држава“ носи ексклузив: Над 1.000 документи за македонскиот идентитет

Книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ претставува обемно историско и документарно дело кое на едно место собира повеќе од 1.000 архивски документи и сведоштва во кои се споменува етнонимот „Македонци“

Николоски: Скопје апсолутен лидер во авиосообраќајот за првиот квартал од 2026 година

Политиките на Владата во областа на авиосообраќајот веќе даваат мерливи резултати, при што Скопје се позиционира како апсолутен лидер во регионот за првиот квартал од 2026 година, истакна вицепремиерот и министер за
Go toTop