Децата на вработените во УЈП преку настан „Кај мама и тато на работа” учеа за улогата на даноците и придобивките од нив

January 17, 2025
1 min read

Денес, како дел од настанот „Кај мама и тато на работа”, децата на вработените во Генералната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) ги посетија родителите на нивните работни места. Целта на посетата беше да ја почувствуваат работната атмосфера и да научат повеќе за функционирањето на оваа значајна институција, информираат од УЈП.

Децата имаа можност да посетат дел од секторите на УЈП, како и кабинетот на директорката м-р Елена Петрова, каде се запознаа со процесите на работа и со начинот на кој нивните родители ги исполнуваат своите професионални задачи.

Преку учење и тимска работа децата беа поттикнати активно да учествуваат во симулации на процесите на функционирање на компаниите и колкав дел на даноци уплаќаат во согласност со дејноста која ја вршат, а имаа и можност да разберат како собраните средства се користат за подобрување на јавните услуги и инфраструктурата во земјата.

Децата учесници на крај на работилниците предложија конкретни идеи за тоа како треба да се вложат собраните средства, давајќи приоритет на нови спортски сали, обновување на детските игралишта низ земјата, подобрување на условите и услугите во болниците, како и градење на нови брзи патишта.

Директорката на УЈП м-р Елена Петрова им посака добредојде на учесниците и им посака како идни носители на одлуки да продолжат љубопитно да учат, да се надградуваат и да се интересираат за важноста на приходите и нивната улога во подобрување на животот на граѓаните. Таа изрази надеж дека ќе израснат во млади лидери кои ќе придонесуваат за просперитетна иднина.

„Вашата љубопитност и креативноста која ја покажавте денес се вистинска инспирација за сите. Продолжете да ги следите вашите интереси, вложувајте во знаењето и вештините, бидејќи вие сте тие кои ќе продолжите во иднина да создавате промени, да го унапредувате квалитетот на живот и придонесете за раст и развој на Македонија. Бидете горди што учествувате во овој процес, бидејќи тоа значи дека веќе давате придонес за подобра иднина за сите нас. Потребни се луѓе како вас кои ќе ги носат важните одлуки за создавање на понапредно и поразвиено општество.“– истакна директорката.

На крајот од посетата директорката на учесниците им врачи сертификати и им се заблагодари за нивното учество и придонесот кој го дадоа со учеството во работилниците.

Настанот „Кај мама и тато на работа“ е во контекст на одбележување на празниците и последниот ден од зимскиот распуст на децата а ја потврдува важноста на вклучувањето на младите во образовни и креативни активности, кои ќе им помогнат да го разберат значењето на јавните институции и нивниот удел во развојот на земјата.

УЈП контуинирано врши едукативни работилници преку проектот „Фискална едукација на младите“, со кој средношколците од цела држава неколку години по ред имаат можност да добијат појасна претстава за тоа што претставува данокот и која е општествената придобивка од плаќањето на даноците.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОФ: Догодина ќе бидеме домаќини на Европското дебатно првенство за средношколци

Следно

Херојски натпревар на македонските ракометари: Македонија загуби од големата Холандија, но покажа дека може да се носи со големите репрезентации

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop