Децата кои вежбаат „непослушност’, честопати се поуспешни како возрасни

December 16, 2025
2 mins read

Психологот Сунита Сах има важна порака за родителите: Детето кое пркоси, не мора да значи дека е и лошо дете. За да одгледаат самоуверени возрасни личности, родителите не треба да инсистираат на целосна послушност, истакна Сах во неодамнешниот подкаст „Good Inside“. Таа верува дека прекумерното охрабрување на послушноста може да ги спречи децата да се заложат за себе подоцна во животот, објавува CNBC.

„Понекогаш е лошо да се биде многу добар, а има ситуации кога сакате луѓето да проговорат“, изјави Сах, професорка по менаџмент и организација на Универзитетот Корнел и автор на „Пркосете – Моќта на ‘НЕ’ во светот кој бара согласност“ (Defy: The Power of No in a World that Demands Yes“). Според неа, родителите често ги обучуваат децата да бидат послушни затоа што тоа им го олеснува секојдневниот живот. Меѓутоа, ако истовремено не ги научат како да практикуваат пркос во оправдани ситуации, децата ќе се чувствуваат непријатно кога ќе мора да се заложат за себе како возрасни.

Сертифицираната инструкторка за свесно воспитување Рем Рауда се согласува со ова и за “CNBC Make it”, нагласува дека децата кои не учат да го изразат своето мислење, потешко развиваат самодоверба. „Достоинството на детето – нивните мисли, нивните уверувања, како се чувствуваат – едноставно е монументално во споредба со нивната послушност“, изјави Рауда. „Сакаме да бидат самоуверени. Сакаме да говорат.“

Што е здрав пркос?

Децата кои пркосат на соодветен начин можат да им се спротивстават на возрасните кои грешат или да реагираат кога другите деца ги малтретираат своите врсници, објаснува Сах. Тие можат со почит да се заложат за себе ако веруваат дека се во право, дури и ако некој друг – вклучувајќи ги и нивните родители – го тврдат спротивното.

„Ако не сме научиле како да пркосиме, на крај многупати велиме „да“, истакнува Сах. „На крај или молчиме или сме послушни и се ставаме во ситуации во кои не би сакале да бидеме.“

Пркосот како вештина, а не како карактеристика

Сах препорачува родителите да го променат својот начин на размислување и да престанат да го гледаат пркосот како негативна карактеристика. Практикувањето пркос не значи дека детето мора да биде „гласно, одважно и агресивно“ додека ги крши правилата. „Всушност, тоа е размислување за пркосот како особина на личноста“, вели Сах. „Тоа е само вештина и тоа е вештина што можеме да ја научиме… Постојат начини да бидеме тивко пркосни, каде што можеме да живееме според нашите вредности без да мора да бидеме агресивни во врска со тоа.“

Како да го научите вашето дете на асертивност?

Во својата книга, Сах предлага вежби што им помагаат на децата и возрасните да практикуваат здрав пркос. Ова вклучува поставување прашања како: „Која е границата што не би ја преминале? Кога сте постапиле на начин за кој посакувате да не сте постапеле?“ Ваквите прашања помагаат во препознавањето ситуации во кои би требало да реагирате. „Ако постојано им велиме да нè слушаат, како тогаш да сфатат што навистина сакаат?“, прашува Сах.

На крај, клучно е родителите преку сопствен пример да покажат асертивно однесување. Тоа може да биде нешто едноставно, како враќање на погрешна нарачка во ресторан или нешто поголемо, како поставување граници на работа за да не ја пропуштите училишната претстава на вашето дете. „Тие лекции остануваат со нас и ние ги паметиме, и се сеќаваме како се однесуваат нашите родители“, заклучува Сах.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Мадона и Гај Ричи позираат со синот за прв пат по разводот во 2008 година

Следно

Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата каде се отфрлаат и поништуваат сите аранжмани и политики на владата на Заев поврзани со мигрантите

Latest from Blog

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат

Сијарто: Европската политичка елита нема интерес за мир во Украина

Европската политичка елита „дефинитивно нема интерес“ за мир во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека мора да се направи сè за да се спречи „поткопување“ на
Go toTop