Детонации од плински боци: пожар во отпад за железо во Скопје, еден повреден и сопственикот приведен

July 9, 2025
1 min read

Пожар избувна утрово околу 09.16 часот во отпад за старо железо на улицата „Б. Буна“ во Скопје, каде што пламнаа хаварисани возила со плински уреди, што предизвика серија детонации. Според СВР Скопје, едно лице е повредено и пренесено на Клинички центар, а огнот засега не зафатил околни куќи.

Пожарникарите и полицијата сè уште работат на гаснење на пламенот и расчистување на местото. Поради непочитување наредба на службено лице, уапсен е А.Н., сопственикот на компанијата што управува со депонијата.

По локализирањето на огнот, инспекциските служби ќе утврдат дали отпадот ги исполнувал пропишаните безбедносни стандарди за складирање возила со плински инсталации. А.Н. ќе се соочи со прекршочна или кривична постапка, зависно од исходот на истрагата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во Визбегово, скопските пожарникари интервенираат со четири возила

Следно

Од струен удар почина градежен работник во кочанско

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop