Детето врз кое падна гранка од дрво во Карпош е хоспитализирано и сè уште е под опсервација

March 5, 2025
1 min read

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина Карпош, каде што при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете доби тешки телесни повреди.

Детето е хоспитализирано и сè уште е под опсервација. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на целокупната документација за утврдување на староста и евентуалните барања за сечење и отстранување на дрвото. Се вршат разговори со лица што би можеле да имаат сознанија во насока на утврдување евентуална кривична одговорност за настанот.

Малолетникот беше повреден во Карпош кога се откорна голема гранка од дрво. Општина Карпош претходно побара Министерството за внатрешни работи да го документира овој настан, да се утврди одговорноста и да се сносат правни последици.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повторено судење на Мерко за злоупотреба на службената должност

Следно

ПОЧИНА ФИЛМСКИОТ ПРОДУЦЕНТ ПАНТА МИЖИМАКОВ

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

ФОТО: FC Barselona/X Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал. ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин
Go toTop