Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием

March 30, 2025
1 min read

Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата што за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС). Негативен одговор според истражувањето би дале 23,5 проценти од граѓаните.

Поддршката за ЕУ е повисока кај испитаниците Албанци од кои над 77 проценти даваат позитивен одговор додека кај испитаниците Македонци позитивен одговор даваат 55 проценти.

-Сепак, прогнозите на граѓаните за полноправно членство на државата во ЕУ не се оптимистични. Речиси секој трет или 29,6 проценти велат дека земјата никогаш нема да се приклучи на ЕУ. 20 проценти сепак сметаат дека тоа може да се случи во следните 5 години. Дека во изминатите години има напредок во спроведувањето на реформи и достигнувањето на европските стандарди сметаат само 26 проценти од испитаниците. Сепак споредено со истата анкета спроведена лани, има значително намалување на бројот на испитаници кои велат дека назадуваме од 41 кои таков одговор дале во 2024 година на 17 проценти оваа година. Секој втор испитаник смета дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе даде одговор на предизвиците во клучните сектори како образование, здравство, судство и други.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 1 до 4 март оваа година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници од целата држава, покажува анкетата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мартовските плати на здравствените работници 15 отсто поголеми, од април и повисоки пензии за 2 500 денари

Следно

ПОЧИНА АКТЕРОТ РИЧАРД ЧЕМБЕРЛЕН, ЅВЕЗДАТА НА „ШОГУН“

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop