Десетици илјади на улиците на Лондон во знак на поддршка на палестинскиот народ

November 11, 2023
2 mins read

ЛОНДОН (АА) – Десетици илјади луѓе се собраа во Лондон во знак на поддршка на палестинскиот народ од Појасот Газа, кој од 7 октомври е под интензивни израелски напади, јавува Анадолу.

Ова е петти масовен протест на граѓаните на британската престолнина и покрај тоа што премиерот Риши Сунак и министерката за внатрешни работи Суела Брејвермен го критикуваа маршот.

Десетици илјади пропалестински демонстранти се собраа во Хајд парк за да протестираат против израелските напади врз Појасот Газа, како и поради критиките на министерката за внатрешни работи, Брејвермен, за маршевите за поддршка на Палестинците со зборовите „марш на омразата“.

Демонстрантите, кои учествуваа на протестот за солидарност со Палестина на повик на многу невладини организации во Велика Британија, го повикаа Израел да сопре со нападите врз Газа, да ја укине блокадата, да прогласи итен прекин на огнот и да дозволи целосен влез на хуманитарната помош во палестинската енклава.

Граѓаните, кои реагираа и на изјавите на министерката Брејвермен за „маршот на омразата“, носеа транспаренти со барање за нејзино разрешување.

Полицијата презема опсежни безбедносни мерки поради одбележувањето на Денот на примирјето, што се одржува во градот по повод годишнината од примирјето меѓу сојузниците и Германија во Првата светска војна.

Лондонската полиција најави дека ќе го обезбедува маршот со околу 2.000 полицајци.

Боб Џозеф, вработен во Националниот здравствен систем (NHS) и синдикалец, кој учествуваше на маршот, рече дека во Газа е извршен геноцид.

Тој истакна дека по Втората светска војна сите западни земји потпишале договор за спречување на нови геноциди во иднина.

„Ако го спречите пристапот на луѓето до основните потреби како вода и храна, вие вршите геноцид“, рече Џозеф.

Тој истакна дека Израел извршил геноцид обидувајќи се да убие група луѓе, колективно или делумно, и да ја спречи да ги задоволи своите основни потреби.

„Нема ама… ама, за ова. Тоа го прават. Ги гледав вестите утрово, ја опколија најголемата болница во Газа и пукаат во луѓето што се движат внатре. Луѓето кои веќе се повредени поради нив, сега се рануваат по втор пат. Децата умираат бидејќи нема струја, и не работат машините што ќе ги одржат во живот. Ова е геноцид“, истакна Џозеф.

Тој додаде дека израелската влада треба да се казни за ова.

Од 14 октомври секоја сабота во Велика Британија се одржуваат маршеви на солидарноста за Палестина.

Демонстрантите, на првите два собира маршираа до влезот на Даунинг стрит 10, каде се наоѓа Кабинетот на премиерот, а во третиот марш до Парламентот. Четвртиот пат имаа протест на „Трафалгар сквер“.

Организаторите на маршот негативно ѝ одговорија на лондонската полиција која побара одложување на протестот поради Денот на примирјето и најавија дека местото и времето го организирале на начин што нема да влијае на одбележувањето.

И покрај тоа, британскиот премиер Риши Сунак ги опиша демонстрациите на Денот на примирјето како „провокација и непочитување“.

Министерката Брејвермен, која беше гласна критичарка на маршевите, реагираше кон лондонската полиција, тврдејќи дека има „пристрасен став“ кон палестинските протести.

Брејвермен за оваа изјава доби и реакција од Владата и од опозициските партии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Лога со Хајрулаи од скопското Вишо јавно обвинителство

Следно

Полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа малолетничката што беше пријавена дека се оддалечила од домот

Latest from Blog

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на
Go toTop