Десетици илјади луѓе протестираа во знак за поддршка на Палестинците во Лондон

March 10, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Десетици илјади луѓе вчера повторно излегоа на улиците во Лондон повикувајќи на итен прекин на огнот во Појасот Газа, покажувајќи солидарност со палестинскиот народ, известува Анадолу.

Активистите се собраа рано наутро за да маршираат од Хајд парк во центарот на Лондон до американската амбасада во градот.

Десетици илјади луѓе се собраа на повик на невладините организации, меѓу кои се „Палестинска кампања за солидарност“, Коалиција „Стоп за војната“ и „Пријатели на Ал Акса“, марширајќи под интензивни безбедносни мерки што ги презеде британската полиција.

Активистите ги извикуваа паролите „Примирје сега“, „Палестина ќе биде слободна од реката до морето“ и „Слободна Палестина“.

Демонстрантите ја осудија изјавата на британскиот премиер Риши Сунак дека „Протестите за Газа паднале во рацете на маргиналните групи“.

Крис Робертс, кој на протестот дојде од Манчестер, за Анадолу изјави дека јавноста го поддржала маршот.

Робертс рече дека притисокот на јавноста бил ефективен и истиот може да се забележи и со оставката на поранешната министерка за внатрешни работи Суела Браверман, која маршевите на поддршка за Газа ги опишано како „маршеви на омраза“.

Активистката по име Феј, која не го откри своето презиме, рече дека маршевите треба да продолжат сѐ до постигнување на прекин на огнот и решение за две држави.

„Никој овде не е милитант. Сунак вели дека активистите се антисемитисти. Јас не сум антисемитистка. Го прифаќам холокаустот. Овој марш не е марш на омраза. Тука има и евреи. Станува збор за угнетувањето на палестинскиот народ од страна на Израел“, рече таа.

Активистот Тони Тонекрен рече дека учествувал на многу маршеви и дека тие стануваат сѐ помасовни.

„Маршевите стануваат сѐ посилни. Власта и опозициските партии прават врева за да ги спречат маршевите. Тие го прават тоа затоа што маршевите добиваат на значење“, рече Тонекрен.

Тонекрен истакна дека британската администрација секогаш сакала да ги елиминира разликите во мислењата и рече: „Поранешната министерка за внатрешни работи рече дека овие маршеви се маршеви на омраза. Од она што го гледам тука е дека овие маршеви се последица на љубов, солидарност и хуманост“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Штип и Битола комеморативни активности по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи

Следно

Португалците денес гласаат на предвремени парламентарни избори

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop