Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

February 11, 2026
1 min read

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.

Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.

Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.

Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.

[Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето. Полицијата вер]

Во безбедносното предупредување испратено за време на нападот, осомничениот е идентификуван како „женско лице во фустан, со кафена коса“.

Официјалните лица велат дека го знаат идентитетот на напаѓачот, но досега не го објавиле името или полот.

Полицијата сè уште не го идентификувала видот на оружјето што е употребено во нападот, ниту возраста на жртвите.

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Аби, на прес-конференција изјави дека полицијата пристигнала на местото на нападот две минути по повикот, со што спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.

Во училишниот комплекс се наоѓаат основно и средно училиште, од кои се евакуирани околу 1.000 ученици и наставници.

Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Татко од Тексас си ја убил ќерката поради расправија за Трамп

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Предметите во СЈО се креирале по желба на СДС

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop