Десет луѓе починаа како последица на ниските температури во Украина

November 28, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Најмалку 10 лица починаа, а 23 се хоспитализирани како последица на ниските температури во Украина во текот на викендот, известува Анадолу.

Ладните временски услови негативно влијаеа на животот во украинските региони Одеса, Киев, Николаев, Черкаси, Кировоград и Харков.

Министерството за внатрешни работи на Украина објави дека 14 автопатишта се затворени за сообраќај поради обилните врнежи од снег и бурата, а струја немало во 16 региони.

Во регионот на Одеса снегот достигнал височина од 150 сантиметри. Спасени се речиси 2.500 луѓе, вклучувајќи 162 деца.

Во регионот на Николаев, каде што висината на снегот достигна 2 метри, за сообраќај се затворени 10 автопатишта, а помош им е укажана на најмалку 75 заглавени возила.

Во регионот Черкаси, товарните возила заглавени на патиштата извлечени се на привремените паркинзи.

Во регионот Кировоград спасени се речиси 300 луѓе и 164 возила кои биле заглавени поради обилните снежни врнежи.

Струјата била во прекин во 2.019 села во 16 региони во Украина, а центри за реагирање во вонредни ситуации воспоставени се во подрачјата погодени од лошите временски услови.

Поради лошите временски услови животот го загубија 10 лица во регионите Одеса, Киев, Николаев и Харков, а 23, од кои две деца, се хоспитализирани со симптоми на хипотермија.

Продолжуваат напорите да се отстранат последиците од лошите временски услови. Моментално се затворени 8 патишта во Николаевскиот и Кировоградскиот Регион, а прекините на струја продолжуваат во 411 места и 11 региони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Планот на Бајден и Шулц за носење на Украина кон преговори

Следно

И Естонија, Латвија и Литванија нема да учествуваат на Самитот на ОБСЕ поради присуството на Лавров

Latest from Blog

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000

Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето
Go toTop