Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

March 17, 2026
1 min read

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња.

Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден испит. Има работно искуство како адвокат, беше дел од Советот на општина Струга, а сега е заменик-министер за правда во актуелната Влада.

Во интервју за КУРИР со Деребан разговаравме за низа теми од секторот правда, но го отворивме и најслаткото прашање, како му поминува слободното време со Јохан, Јаков и Стела кои имаат по 6 години.

Децата, вели, се неговата инспирација, богатство и најголем благослов.

-Одговорноста и обврските кои со себе ги носи извршувањето на јавната функција се големи меѓутоа главната и најголемата енергија, инспирација ја црпам токму од моето семејство. Дома знам дека ме чекаат трите дечиња Јохан, Јаков и Стела кои се на иста, 6-годишна возраст. Со нив секој ден е поминат во радост, смеа, игри меѓутоа и големи предизвици. Секако дека обврските ги делам со сопругата. Секој момент поминат со нив е навистина драгоцен. Без разлика што најголемиот дел од слободното време го поминувам со нив, секако дека сакам да посетувам и културни манифестации, настани, фудбалски натпревари. Тоа и природно доаѓа, како што кажавте доаѓам од Струга, од град со богата културна традиција. Тие се мојата инспирација, моето богатство, мојот благослов и тие се инспирација за се поголема и понапорна работа за подобра иднина, рече Деребан за КУРИР.

Целото интервју со Деребан за КУРИР погледнете го во продолжение:

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Следно

Силно невреме ги погоди Хаваи: Луксузна куќа се урива како кула од карти (ВИДЕО)

Latest from Blog

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027

Алкалоид со најсилен раст, а Комерцијална банка со убедливо најголем промет – МБИ10 +0,19%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека
Go toTop