Деновиве состанок во АА за барањето на Таравари за коалиција со опозицијата

February 4, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието на Алијанса за Албанците Зијадин Села во следните 24 часа ќе донесе одлука за свикување седница на ова тело по барањето на лидерот на партијата Арбен Таравари. Тој вчера од него побара поддршка за предизборно приклучување кон албанската опозиција. Како што дознава Алсат, седницата се очекува да се одржи во текот на следните неколку дена. Сепак, останува нејасно која ќе биде точката на дневниот ред во Собранието составено од околу 130 членови. Сè уште не се знае дали воопшто и ќе се разгледа барањето на Таравари или на маса ќе има други предлози. Од партијата не даваат објаснување. Велат дека дневниот ред ќе се дознае во моментот кога ќе се свика состанокот.

„Во текот на 24 часа се очекува претседателот на Собранието на АА, Зијадин Села, да донесе одлука за свикување на Собранието, да го соопшти датумот на состанокот и дневниот ред“,  велат од Алијанса за Албанците.

Таравари рече дека ќе ја почитува одлуката што ќе произлезе од партиското Собрание. Неофицијално се дознава дека мнозинството членови таму се на линија со него, за обединување со албанската опозиција.
Вчера Таравари упати јавен апел до Собранието на Алијанса да го поддржи во неговиот пат да се приклучи кон Европскиот сојуз за промени и заеднички да го водат процесот, што тој го опиша како голема и долгоочекувана промена.

„Непоколебливо верувајќи во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба Алијанса за Албанците во изборната трка да биде со албанската опозиција и заедно да продолжиме да го правиме најдоброто за оваа земја! Повеќето луѓе читаат историја, но ретко добиваат шанса да ја напишат. Денес ја имаме оваа можност пред нас. Да бидеме ние тие што ќе ја напишат историјата“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.

Ваквиот став на Таравари ја подели Алијанса за Албанците на два дела. На страната на Таравари се двајцата министри Азир Алиу и Фатмир Меџити, додека на страната на Зијадин Села за самостоен настап на изборите се министерот Кренар Лога и потпретседателите на партијата Елми Азири и Илире Даути. Поделеноста е очигледна и меѓу поддржувачите на Алијанса на социјалните мрежи. Ставот на Таравари пак, беше поздравен од челниците на Европскиот сојуз за промени./Алсат.мк

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ај уште еднаш да се потсетиме која беда сме

Следно

Струшките хотели и компании најавуваат повисоки цени

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop