Денови на Јустинијан I: Почнува меѓународниот симпозиум

November 1, 2024
1 min read

Денеска во 10 часот во Музејот на македонската борба во Скопје ќе почне дванаесетто по ред издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” е традиционално поддржан и вклучен во годишната програма на Министерството за култура и туризам, како и од италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана прва и винаријата Стоби.

На свеченото отварање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на Меѓународниот организациски и научен комитет, проф.д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Дејан Борисов, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Анче Илиевска, директор на Музејот на македонската борба, Марио Де Роса, заменик амбасадор на Република Италија, Марија Ѓоргова, државен секретар во Министерството за култура и туризам и г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски.

Меѓународниот научен симпозиум Денови на Јустиниан I претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Симпозимот ќе се реализира со комбинирано физичко и онјалн учество. На шесте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена реферати ќе имаат 50-на еминентни проофесори и научници од 19 земји, од Македонија и од Италија, САД, Велика Британија, Германија, Русија, Украина, Полска, Словачка, Холандија, Финска, Австрија, Србија, Грција, Хрватска, Бугарија, Романија, Турција, Унгарија.

На почетоот од работниот дел, пленарното предавање ќе има еден од најеминентните светски византолози, проф. Џонатан Шепард од Универзитетот во Оксфорд.
Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека симпозиумот Денови на Јустинијан I, прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот и пошироко. Со тоа Деновите на Јустинијан I, ја постигнуваaт клучната цел за промоција на културното и историското наследство на Република Македонија, со што Јустинијан I станува културен и историски бренд кој ги обединува земјите и нациите кои го споделуваат византиското наследство, како и научниците од Европа и ширум светот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Серија земјотреси во Србија, почувствувани и во Македонија

Следно

Во последните две години 137 пријави за измама со брзи кредити

Latest from Blog

Прес на шефот на Делегацијата на ЕУ со Вучиќ по предавањето на годишниот Извештај на ЕК

Тој денеска му го предаде извештајот за напредокот кон ЕУ на српскиот претседател Александар Вучиќ , по што на прес конференција додаде дека тој документ не е критички документ, туку огледало што

Меџити до Курти: Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН, Македонија и Косово градат стабилно партнерство

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, ја истакна добрата соработка меѓу двете влади во порака до премиерот на Косово, Албин Курти. – Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН во секој дел

Ѓорѓиевски веднаш започнува акција за чистење и нормализирање на јавниот превоз

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по примањето на уверението за избор, најави дека веднаш ќе започне со акција за чистење на градот и преземање на конкретни мерки во јавните градски претпријатија. –

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел,
Go toTop