Денот на Европа одбележан со музички спектакл во Битола

May 15, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на прославата по повод Денот на Европа, која се одржа во „Европската куќа“ во Битола, сместена во Офицерскиот дом, во атмосфера исполнета со музика, млади луѓе и позитивна енергија.

На настанот, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, бројни битолчани и млади посетители уживаа во музичката програма организирана по повод 9 Мај – Денот на Европа.

Под мотото „Уживај ја Европа со музика“, прославата донесе урбана атмосфера и современ музички концепт, а за добрата забава беа задолжени „DJ Dejan Dex“ и алтернативниот бенд „Funk Shui“, кои со своите настапи создадоа одлична атмосфера во срцето на Битола.

Коњановски истакна дека било вистинско задоволство да се биде дел од прославата која ги обедини младите, музиката и европските вредности на едно место, потенцирајќи ја важноста на ваквите настани за зближување на заедницата и промоција на културниот и европскиот дух.

Настанот помина во одлична атмосфера, со многу музика, дружење и позитивна енергија, а Офицерскиот дом уште еднаш беше центар на урбаните случувања во Битола.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Со Си Ѓинпинг РЕШИВМЕ МНОГУ ПРАШАЊА ШТО ДРУГИ НЕ МОЖЕА

Следно

Македонско друштво “Илинден”-Тирана единаесет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop