Денеска се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев – МВР на готовс,

February 4, 2023
1 min read

Во пресрет на чествувањето на годишнината, кое е оквалификувано како настан од висок ризик, засилено е полициското обезбедување околу „Свети Спас“, при што полицијата ги контролира пристапите до црквата. Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу црквата „Свети Спас“ и по целата должина на улиците кои водат до неа. Пристап имаат само лица со дозволи

Со полагање цвеќе на гробот на великанот на македонската револуционерна борба во црквата „Свети Спас“ во Скопје од страна на делегации на државните институции, партии и граѓански здруженија денеска ќе биде одбележана 151-годишнината од неговото раѓање.

Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието, предводена од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, придружуван од пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Љупчо Пренџов.

МВР на Бугарија најави дека цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје ќе положат и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Во пресрет на чествувањето на годишнината, кое е оквалификувано како настан од висок ризик, засилено е полициското обезбедување околу „Свети Спас“, при што полицијата ги контролира пристапите до црквата. Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу црквата „Свети Спас“ и по целата должина на улиците кои водат до неа. Пристап имаат само лица со дозволи.

Уште од четвртокот од 18 часот за сообраќај е затворена улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со улица „Прохор Пчински“, а денеска посебен режим ќе биде воведен и на улицата „Лазар Личеноски“.

Како што посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа во интервју за „360 степени“, нема да бидат дозволени собири околу црквата „Свети Спас“. Тој нагласи дека настанот е од висок ризик и дека направен е оперативен план кој не дозволува собири на граѓани за време на церемонијата. Право на присуство ќе имаат само лица што веќе се пријавиле дека ќе бидат дел од делегациите за положување цвеќе на гробот на Делчев.

Што се однесување до пристигнувањето на луѓе од Бугарија, МВР има сознанија колку би тргнале кон Скопје за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Станува збор за 100-150 луѓе, рече Спасовски додавајќи дека нема информација дали меѓу нив ќе биде и европратеникот Ангел Џамбаски, за кого претседателот на државата Стево Пендаровски јавно алармираше од Советот за безбедност да му буде забранет влез во земјава на 4 февруари.

МВР е подготвено да забрани влез на секој што нема да ја почитува оваа држава и овој народ, порача Спасовски, но не прецизира како ќе се прават проценките на граница кој смее да влезе во земјава.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мартинели потпиша нов договор со Арсенал

Следно

По најавите за снег: Зимските служби на терен во Гази Баба

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop