Денеска е Св. пророк Јона

October 5, 2024
1 min read

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 септември.

Денеска е Св. пророк Јона.

Овој пророк живееше околу 800 години пред Христа и еден е од еврејските пророци. Посебно е важен зашто има една епизода од неговиот живот која е праслика на Христовото воскресение. Таа епизода Црквата постојано ја воспева во своите служби, особено во воскресните денови.

Се работи за Јониниот тридневен престој во утробата на еден кит и неговото избавување од утробата на китот, исто како што Христос три дена престојуваше во утробата на земјата и стана од мртвите, бидејќи земјата не можеше да го запре врутокот на божествениот живот.

За него може поопширно да се прочита во Книгата на пророк Јона, во Стариот завет.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Плацид и Св. Мавро.

Живееле во шестиот век после Христос и се подготвувале за калуѓери кај основачот на калуѓерите кои по Светиот Бенедикт се наречени Бенедиктанци. Нив особено за помош им се молат младите калуѓери и оние кои се подготвуваат да станат калуѓери.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиен шефот на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, Саит Аталах

Следно

„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop