Денес имало 21 пожар во Македонија, најголемиот дел изгаснати – еве каде гори во моментов

August 21, 2025
1 min read

До 21:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои активни се седум, еден е под контрола, а 13 се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде гори мешана шума,  во општина Струга, кај село Подгорци (нискостеблеста шума), во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште (букова шума).

Активни пожари има и во општина Долнени: село Стровија и село Долгаец (мешана шума), во општина Росоман: село Дебреште (ниска вегетација), во општина Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума) и во општина Студеничани: село Горно Количани и село Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).

Под контрола е ставен пожарот во општина Старо Нагоричане: село Канарево (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите во општина Маврово – Ростуше: село Церово и село Симница (нискостеблеста шума и сеча), во општина Боговиње: село Оловјане (ниска вегетација), во Општина Ѓорче Петров: села Орман и Волково (ниска вегетација), општина Струга: село Велешта и село Белица (стрниште), општина Липково: село Слупчане и село Ваксинце (стрниште), општина Струмица: село Ангелци (ниска вегетација), општина Долнени: село Лажани (ниска вегетација), општина Кратово: место викано Рашковец (ниска вегетација), општина Кичево: село Горица (стрниште), општина Студеничани: село Батинци (ниска вегетација и ѓубре), општина Гази Баба: село Трубарево (ниска вегетација) и општина Зелениково: село Градовци (ниска вегетација).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џенифер Анистон по трет пат ќе си ја проба среќата- планира свадба на плажа со „вистинскиот“

Следно

САД воведоа нови санкции врз компании поврзани со транспорт на иранска нафта

Latest from Blog

Димовски: Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици што се пред нас

Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме

Проданоски: Општината е дом и за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и
Go toTop