Ден на жалост во Чешка за жртвите од пукањето на Карловиот Универзитет

December 23, 2023
1 min read
ФОТО: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Денеска во Чешка е Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет во Прага претходно неделава.

Знамињата на зградите на јавните институции се спуштени на половина копје, а на нив има црни ленти. Премиерот Петр Фиала повика на едноминутно молчење напладне. Трговците рекоа дека ќе го почитуваат тоа.

Многу предбожиќни настани се откажани, а државната телевизија емитува специјална програма.

Вкупно 14 лица загинаа, а 25 беа повредени откако студент отвори оган во четвртокот попладне на Универзитетот на плоштадот „Јан Плач“. Ова е најголемото масовно пукање во чешката историја.

Според чешката полиција, напаѓачот, кој легално поседувал голем арсенал, потоа се застрелал. Се верува дека го убил својот татко пред масовното пукање во центарот на Прага и дека пред една недела убил маж и неговата ќерка.

Комеморации се одржаа во прашката катедрала Св. Вид и во други цркви. Ожалостените положија цвеќе и запалија свеќи пред универзитетските згради. Објавени се имињата на убиените, а меѓу нив е и Ленка Хлавкова, раководител на Институтот за музички студии на универзитетот. Од целиот свет пристигнуваат пораки со сочувство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Грција зголемена стапката на смртност од Ковид-19

Следно

Трагедија во Кочани: Почина 16-годишник, лекарите не успеале да го реанимираат

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop