Ден на отпорот: Демонстрантите блокираа улици во Израел поради планираните судски реформи

July 18, 2023
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Илјадници демонстранти ги блокираа улиците низ Израел во рамките на протестот „Денот на отпорот“, кој беше организиран против планот на Владата за реформи во правосудниот систем, јавува Анадолу.

Локалните извори јавуваат дека демонстрации се одржуваат на улиците и железничките станици во неколку израелски градови.

„Демонстрантите затворија дел од улицата Каплан за сообраќај во Тел Авив, а патот што ги поврзува Тел Авив и Хаифа е затворен во двете насоки“, соопшти израелската радиодифузна управа.

Истиот извор јавува дека група демонстранти упаднале во зградата на берзата во градот Рамат Ган во близина на Тел Авив.

Израелската полиција соопшти дека се уапсени седуммина демонстранти под сомнение дека го нарушиле јавниот ред.

Во последните месеци Израел беше средиште на политичка криза поради планираните реформи во судството.

Израелската опозиција го обвинува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди по обвиненија за корупција, дека сака да преземе поголема контрола врз судството преку реформата.

Нетанјаху ги негира обвинувањата и отфрла каква било поврзаност меѓу промените во судството и неговиот случај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ansambli “Ibe Palikuqi” me datë 21 Korrik organizon festivalin Mbrëmjet Folklorike të Çarshisë

Следно

Ansambli “Ibe Palikuqi” do paraqitet në Festivalin Folklorik “Folkfest” në Shkup

Latest from Blog

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022
Go toTop